инсталација

Сенки на намачени души

Бразилскиот уличен уметник Херберт Баљоне (Herbert Baglione) влегува во напуштени психијатриски болници и во нив црта сенки. Не знаеме кога болниците изгледале пострашно, дали претходно или сега.

Проектот се вика „1,000 сенки" и е морничаво визуелизирање на сите намачени души кои минале низ овие институции. Сцените се апокалиптични, и се исцртани во повеќе напуштени болници низ светот - Парма, Мадрид, Сао Паоло и Париз.

Темата на смртта, жртвувањето и духовното обнововување се чести во делата на овој уметник, кој стана најпознат по цртањето со сопствена крв.

 

 

 

 

 

19 август 2013 - 12:31