Bookbox

Херојот Робер Ленгдон се враќа за уште еден конспирациски трилер на Браун, прв негов роман по речиси една деценија, со подземни лаборатории и нови идеи за природата на свесноста. 

Документарец од 2021 ја раскажува потресната приказна на шведскиот актер Бјорн Андресен, кој на петнаесет години бил избран од италијанскиот режисер Лучино Висконти за улогата на Таџо во филмот кој денес се смета за класик, „Смрт во Венеција“. Ова му го променило животот, ама на полошо.

Сите тие осамени луѓе

Нова книга на норвешката авторка Хилде Остби, „Толку осамени: нашата желба за заедница и она што не' разделува“ ја истражува сложената природа на осаменоста – зошто толку многу луѓе ја чувствуваат, иако живеат опкружени со други луѓе.

Букбокс гледанка: „Од највисоко до најниско“ (Highest2Lowest, 2025)

Долгоочекуваниот нов филм на Спајк Ли со Дензел Вашингтон во главната улога е верзија на „Рај и пекол“ на Куросава ги поставува истите етички прашања како и неговиот претходник во ново руво, додавајќи им боја, брзина и одлична музика. 

Книги, какао и хидропонски растенија: Варшава отвори библиотека во метро

На 4 септември на метро станицата Кондратовица во Варшава се отвори првата библиотека во метро. Таа содржи над 16.000 книги, детско катче и простор за релаксација за возрасни. Истовремено, тоа ќе биде место за културни настани. 

Љубовницата на Енгелс

„Госпоѓа Енгелс" е приказна базирана на историски податоци за две сестри кои сакале еден ист човек. Името на тој човек - Фридрих Енгелс.

Дали побрзо старееш ако слушаш песни за стареење?

Текстов беше непосреден повод да провериме како стојат работите во нашиот плеер. Резултат: во него има три преработки на песна со наслов „Кога бев млад", и исто толку од „За добрите стари времињa“. Вака-така, пак добро изгледаме ко за менталните години.

Дали уметник може да поседува боја?

За британско-индискиот уметник Аниш Капур пишувавме и претходно, кога тој во градината на палатата Версај постави контроверзна скулптура на вагина на кралицата. Деновиве нему повторно црно му се пишува. Но тоа овој пат му оди во прилог.

Запознајте ја Гејлин Леа

Боледува од остеогенезис имперфекта или „болест на кршливи коски", за која нема лек. Тоа сепак не ја спречува прекрасно да свири на виолина. Сега, кога победи на важен конкурс, тоа може да биде поттик на другите лица со хендикеп да не се откажуваат од занимавање со музика. 

Човекот кој протестира против уличните реклами

Џордан Сајлер не се смета себеси (толку) за уметник, колку за активист. Тој ги заменува билбордите и постерите од кои нè заплиснуваат реклами по автобуски постојки и други јавни површини со свои дела. Причина: рекламите визуелно нè трујат. Нудиме и наш скромен придонес кон неговата акција.

По трагата на еден академски плагијат

Локален случај на апла копи/пејст текст, или приказната за тоа како обична студентска семинарска стана научна статија во меѓународно списание, на која се потпишани шест автори.

Сартр за моќта на музиката да ти го спаси животот

Се однесува на уметноста воопшто, на музиката посебно и, најконкретно, на џезот. Сартр сметал дека токму во неговата игривост, нереалност и екстатичност човек може да ја најде толку потребната сила, да продолжи да живее во свет на којшто му фали смисла.

Прв официјален албум снимен на тортиља

Музичарот, продуцентот и соработник на Бјорк, Метју Херберт, тукушто објави албум што се јаде. Додуша, неговиот наслов е - „Тешко дека ова може да е вкусно".

400 години по Шекспир

Претстави, изложби, конференции, округли маси - сето ова е дел од одбележувањето на четири века од смртта на Бардот кои се навршуваат на 23 април, а во која би било некако логично да предничат Британците. Но најголемата глобална прослава изгледа сепак (ќе) се одвива во САД.

Анимираниот документарец што не доби Оскар

Во категориите кои вообичаено не привлекуваат толку големо внимание спаѓа онаа за краток документарец, во која оваа година имаше еден интересен, получасовен анимиран филм.

Кога претседателските кандидати би биле џез мелодии

Претседателските кампањи можат да инспирираат луѓе да гласаат, да се черачат со противници на социјални мрежи, да гледаат повеќе вести, да се изолираат во некоја недојдија без ви-фи, ама да компонираат? Џез пијанистот Марк Робертс на трката за претседател на САД реагира токму така, со музика.

По 70 години филм за новинарство доби Оскар

Пред некое време бевме изненадени кога Светлана Алексиевич стана првата новинарка која доби Нобел за литература. Речиси исто толку необично е што филм за новинари оваа година победи во најважната оскаровска категорија. Новинари од целиот свет, замислете се!

Еден поинаков Оскар, пред Оскарите

И покрај нејзината популарност, престижната филмска награда не е за „народот“, туку за студијата и за оние ѕвезди кои знаат да ја играат играта. Има ли релевантна филмска награда за која одлучува публиката, а да има ваква тежина? Епа, имало.

„Културна историја на анусот“ во најтесен избор за чуден наслов на годината

Лани наградата ја зема „Непознатите имаат најубави бонбони: како зборувањето со туѓинци доведува до луди авантури". Во 2014 пишувавме за тогашниот победник, „Како да какаш на романтична средба". Оваа година конкуренцијата е повторно голема, но еден наслов веднаш ни прирасна за срце.

Измамата зад „бестселерите" на Амазон

Зошто некој би лажел дека е најдобро продаван автор? Затоа што супер звучи, а и покажува дека не само што сте напишале книга, туку дека и пазарот пресудил дека таа е побарана од многу други. Титулата е статусна и посакувана. И, најдобро од сè, може да се купи за 3 долари и 5 минути.

Нов албум на Брајан Ино

Се вика „Бродот", и е прв албум на Ино по „Лукс" од 2012. Освен техниката на снимање, интересна е и неговата структура, која потсетува на книжевно дело.

Aко Македонија е „папокот на светот", ова го има во неа

Фотографката Џоана Рику (Joana Ricou) во соработка со неколкумина биолози прави валкани слики. Не, на нив нема ни кинки секс, ни голотија. Има - нечистотија од папокот.

Писателскиот опус на Ванхуте

Колку и да се обидуваме да не се заробиме во сите детали на она што ни се случува на политички план, една работа не можевме да ја пропуштиме - мачешката кампања на европскиот посредник. И неговиот профил на Твитер на кој пишува „поет и писател".

Експерименталната музика на Јанис Киријакидес

Се случува некои од луѓето што пишуваат на сајтов да се фатат за една тема (Русија, диета, бегалци, Џони Кеш, диета) и да ја тераат како да се работи за посебна рубрика, што заради ќеф, што заради феноменот на пишувачко-когнитивен „тунел", од кој кога еднаш ќе завлезеш тешко се излегува. Во Букбокс така од време на време се занимаваме со Грција и со грчката уметност. Едно гиро бар да почастеа..

Психологијата на лажењето

Серијата „Лажи ме" (2009-2011) со Тим Рот е за фиктивниот Кал Лајтман, експерт за микроекспресии, нешто ко Шерлок Холмс ама специјализиран за разоткривање л'жги преку гестови. Неговиот лик е всушност базиран на реална личност.

50-те шољи кафе на Балзак

Неодамна Њујоркер го емитуваше првиот од серија филмови кои ќе бидат прикажувани на Амазон, посветен на еден славен француски писател и неговата опседнатост со кофеинот. Кога течното не му вршело работа, тој кафето го џвакал.

Документарец снимен од африкански мигрант

Победник на Берлинскиот филмски фестивал, кој заврши викендов, е италијанскиот документарец „Оган на морето" на Џанфранко Роси, кој зборува за животот на медитеранскиот остров Лампедуза среде мигрантската криза. Но и вон главната фестивалска програма беше прикажан еден интересен филм, токму на оваа тема.

Кајганата на Умберто Еко

Пред да почине вчера, 19 февруари, на 84 години, Еко веројатно знаел како ќе го портретираат светските медиуми, кои за ликови од негов калибар однапред пишуваат посмртници и ги чуваат во фолдер „не објавувај" до моментот кога ќе затребаат.