На снимка која беше пуштена на настанот, а е од последното радио интервју на Ленон и Оно за Би-би-си од 1980, тој вели дека жена му секогаш го заслужувала авторството и дека нејзиното прескокнување било „себично и мачо“ од негова страна.
Стиховите во „Замисли“ биле инспирирани од поетската збирка на Оно, „Грејпфрут“, која вклучува серија слични - иако малку понеобични - инструкции како: „Замисли си ја главата полна со мини за молив/Замисли дека една од нив е скршена“. Со оглед на тоа колку ни има преседнато песната со тоа повторливото кланг-кланг на пијаното и лигавите стихови („Замисли да нема сопственост“ - испеа човек тежок 800 милиони долари), ваквата нејзина верзија ни изгледа далеку поинтересна.
Не е тешко да се замисли дека после ова до крајот на животот Оно, која и онака не е сиромашна, ќе добива милионски суми за авторските права. Таа го примила признанието за Imagine заедно со синот, Шон Ленон, а потоа песната била испеана од Пети Смит.
Спомнатата снимка, 45-та минута