МоМА, како што веќе пишувавме, последниве неколку месеци води војна со уметничките критичари, кои замеруваат за (наводно) неквалитетната изложба посветена на ликот и делото на Бјорк, со што според нив оваа институција се става во служба на славните, а не на добрата уметност. Но МоМА не се откажува, и сега прави ретроспектива на уште една жена, чие име ретко кој го знаеше пред да стане Леноноица.