Планот е од далечната 1967., но со оглед на напредокот на технологијата сега оваа цел може да се оствари многу полесно. Секој може да учествува, со испраќање на слика на #smilesfilm.
„Луѓето од градови и земји ширум светот слободно можат да ги аплоудираат своите насмевки за целата планета, преку мобилен или компјутер. Секој пат кога додаваме насмевка на нашата апликација, креираме иднина заедно. Дајте ни ја вашата насмевка. Ве сакам!", порачува Јоко.
Филмот ќе биде прикажуван во лондонската галерија Серпентин, во рамки на изложбата „Кон светлината", која е прва изложба на Јоко во Лондонска јавна институција после повеќе од десет години. Пред галеријата е веќе поставена фото кабина во која посетителите можат да се сликаат, а овие фотографии ќе бидат изложени и во физичка форма, и во дигитална форма на посебниот сајт smilesfilm.com, како и на апликациите за ајфон и ајпад.
Па, ако ви е до смеење, еве шанса да учествувате во проектот, кој иако во моментов звучи наивно, сигурно ќе делува поттикнувачки еднаш кога ќе биде завршен. Ако ништо друго затоа што ќе ни повтори една човечка вистина - луѓето се исти и во солзите, и во смеата.