Bookbox

Новиот филм на Нолан повторно разгоре битка  – археолошка и историска – која трае со децении околу прашањето каде всушност се наоѓала легендарната Итака, татковината на херојот на Хомер.

Математиката и музиката отсекогаш биле поврзани преку ритамот, хармонијата и пропорциите. Токму оваа единствена врска е во фокусот на меѓународниот фестивал Festum π, кој секое лето на Крит, веќе пет години, ги обединува научниците, музичарите и љубителите на уметноста во богата програма од концерти, предавања и научни дискусии.

Ново медицинско толкување за смртта на музата на Ботичели

Повеќе од пет века историчарите сметаа дека Симонета Веспучи, прочуената убавица на италијанската ренесанса и веројатна муза на Сандро Ботичели, починала од туберкулоза. Но ново истражување предлага поинакво објаснување: ретко, но драматично медицинско нарушување кое, според авторите, подобро се совпаѓа со историските сведоштва и промените што се забележуваат на нејзините портрети.

Филдсов медал 2026: математичарите што ги поместуваат границите на знаењето

Филдсовиот медал, често нарекуван „Нобелова награда за математика“, и годинава ги истакна научниците чии идеи отвораат нови хоризонти не само во математиката, туку и во физиката, информатиката и разбирањето на природата. На Меѓународниот конгрес на математичарите во Филаделфија, четворица истражувачи под 40 години ја добија оваа престижна награда за решавање на проблеми што со децении, па и со векови, им пркосеа на најголемите умови. Меѓу нив особено се издвојува Џон Пардон – тивок, скромен научник чии револуционерни идеи веќе се сметаат за пресвртница во современата математика.

Κако Нетфликс ја прекина традицијата што ја правеше телевизијата посебна

Со години Нетфликс важеше за платформата што целосно ги промени навиките на телевизиската публика, нудејќи цели сезони одеднаш и поттикнувајќи „бинџање“. Но, според сè повеќе аналитичари, токму тој модел денес почнува да му се враќа како бумеранг. Во текст на Слејт се тврди дека стриминг-гигантот ја нарушил една од најважните особини на телевизијата – чувството дека гледачите со текот на времето градат трајна врска со ликовите и сериите што ги следат.

Водич за политичка револуција за тинејџери

Не стана претседател на САД, но ја форматираше публиката, и од целосен аутсајдер успеа да стане вистински хит, особено помеѓу младите. Сега Сандерс им се обраќа со нова книга, за да не ги остави да се „оладат“ до следните избори. Затоа што и во меѓувреме има многу нешта што тие можат да ги сторат.

„Возрасни во собата“: нов мемоар на Јанис Варуфакис

„Ако некогаш сте се сомневале што се случува во Европа, читајте го Варуфакис“, вели критиката за новата книга на некогашниот министер за финансии на Грција, која уште неизлезена (официјално се објавува утре, 4.5) е веќе бестселер на Амазон.

Загубениот рај: како јаболкото стана „забрането овошје“

Овој месец се навршуваат 350 години откако Џон Милтон му го продал на својот издавач авторското право за епот „Загубениот рај“, за само пет фунти. Неговото славно дело ја преточува во стихови најстарата епизода од Светото писмо, чии главни ликови ни се добро познати: Бог, Адам, Ева, Сатаната во форма на змија што говори, и - едно јаболко.

Претстава направена според еротски писма на славни личности

На 4 мај во Лондон ќе се оддржи премиерата на престава под наслов „„Вашите секси пораки се срање: постарите подобри писма“. Денешната еротска коресподенција не е ништо во споредба со старата добра вештина на заведување преку рачно напишани писма. А Џојс е махерот во оваа област.

Дарвин не се утепувал од работа (па не мора ни ние)

Славните научници и уметници биле крајно амбициозни, страсно се посветувале на својата работа и имале речиси натчовечки капацитет да се фокусираат. Но подеталната анализа на нивниот работен ден покажува дека работеле само по неколку часа на она што денес го препознаваме како нивно најголемо достигнување. Остатокот од времето - кулирале.

Koлку нијанси лутина постојат?

Горчина. Јарост. Бес. Палетата чувства кои би можеле да се категоризираат под „лутина“, рефлектирана и во јазикот, варираат и во интензитет, и во тоа кон што се насочени. 

Зошто древната литература не зборува за чувства?

Од вавилонските епови, преку античката до средовековната литература, импресионирани сме од она што се способни да го направат главните ликови на само неколку странички - да соберат армија, да почнат војна, да ја добијат. Но она што притоа не ни се кажува е како се чувствувале додека го правеле сето ова. Се плашеле ли, си рекле ли некогаш „што ми требаше сето ова?“.

Необичното мото на крајот на филмовите на Џонатан Дем

Завчера, 26.04, почина славниот режисер на „Кога јагнињата ќе стивнат“, „Омажена со мафијата“ и „Филаделфија“. Познати се случаи кога негови колеги вметнуваат препознатлив „печат“ не само во, туку пред и после своите филмови. Ама мотото на Дем има специфична приказна.

Перачката-пеглачка која (не) знаеше англиски

Пред некое време е објавен оглас за работно место перачка-пеглачка во приватна резиденција, во кој еден од условите е познавање на англиски јазик, заради „читање на упатства за постапување со специфични материјали“.

Големиот масакр на кучиња и мачки во Британија

Деновиве (и не само деновиве) кај нас е актуелна темата со расфрлањето отров по улици со кој се трујат уличните животни. Но во екстремни околности низ историјата луѓето се решавале сами да ги еутаназираат своите миленици. Оваа книга зборува за една таква трагедија, која се случувала непосредно пред Втората светска војна.

Атентатот врз Кенеди реконструиран на гусли

Вакво нешто до сега немавме чуено. Всушност, доживувањето е мулти-сензорно, бидејќи додека го слушате стариот гуслар исто како да гледате филм - акција, трилер, драма. Тоа е и смислата на епската поезија, која раскажува за значајни историски настани, за да им е вечна слава на оние кои учествувале во нив.

Збогум Роберт Пирсиг

Освен ако не се „суви“ фактографски прегледи на животот на славните починати, некролозите за нив се секогаш во врска со нас самите. Овој е сигурно таков.

Бил Мареј снима нов албум - рецитал со читање и класична музика

Актерот познат по неконвенционални јавни настапи и откачени проекти има нов - ќе пее и ќе чита на албум на кој ќе се најдат дела на Гершвин и на Бах.

На Меѓународниот ден на книгата: четири книги од македонски автори

Не е дека воопшто не сме ги фалеле, промовирале, а понекогаш и куделе, но понекогаш имам грижа на совест дека во рубрикава македонските автори се неправедно запоставени.

Како е да си мајка на рок ѕвезда?

Нејзиниот син, Дејв Грол, од Фу Фајтерс и претходно од Нирвана, сигурно ѝ дал многу поводи за гордост, но и за секирации. Можеби како некој вид терапија, жената одлучила да ги спореди своите искуства со други жени во истата ситуација. Резултатот е книга за овие „рок мајки“.

Koj ви е омилен интерпункциски знак?

Ниту една реченица не е целосна без нив, па сепак тие се земаат здраво за готово. Главно се забележуваат кога не се на вистинското место и во вистинскиот контекст. Нели;

Кратка историја на „Да пукне!“

Од 2002 во Америка секој трет четврток од април (значи денес) се одбележува националниот ден на „да пукне“ (National High Five Day). Што треба да се прави на овој датум? Да се „пука“ колку што е можно повеќе, и така да се промовира добра волја меѓу луѓето.

Мojaта мачка Југославија

Реткост е автор со потекло од Косово да се најде, и тоа со дебитантско дело, помеѓу одбраните за превод на англиски од престижен издавач. Но дали вметнувањето на зборот „Југославија“ во наслов кој треба да асоцира на „егзотично“ потекло и тешка имигрантска судбина знае да биде и маркетиншки трик?

Aпликација за пишување раскази во форма на текстуални пораки

Најдобрата љубовна проза која ќе ја прочитате оваа година можеби нема да биде поместена помеѓу корици од книга, туку ќе биде составена од - муабети на чет.

Сплет од народни игри и фитнес

Што да се стори ако некоја заедница која e по традицијата има проблеми со срцеви заболувања и дебелина, а не е нешто по фитнес клубови? Дај им да играат народно.

10-те омилени книги на Кристијана Аманпур

Во паузите од известувањата од разни жаришта низ светот и интервјуата со светски лидери, Аманпур наоѓа време и да чита.

Koга фолклорот спасува живот

Митологиите на различни култури содржат предупредувања и совети за земјотреси, вулкани и цунами. До сега тие беа од интерес само на етнолозите, фолклористите и антрополозите. Но и природонаучниците (конечно) почнуваат да ги сфаќаат сериозно.

Атеистот што се набоде на грибло на Велигден

Дел од новиот роман на Димитар Башевски, „Круг“, функционира и како засебен расказ. Базиран е врз вистинска случка, за писател-страсен атеист, кој на тежок празник решава малку „да чепне“ низ двор, да замавне со мотичето, да копне со гриблото.  Ама Бог, постоел или не, секогаш те наоѓа кога ќе згрешиш.

Витгенштајн: „Ќотекот е од рајот излезен“

Австриски филозоф го има напишано неговиот славен „Логичко-филозофски трактат“ во 1918. Тој е прв пат објавен во Германија три години подоцна. Што правел Витгенштајн во меѓувреме? Бил селски учител.