This rhythmatic explosion
Is what your frame of mind has chosen
I'll leave your brain stimulated, niggas is frozen
Speak with criminal slang, begin like a violin
End like Leviathan, it's deep; well, let me try again
Wisdom be leakin' out my grapefruit, troop
I dominate break loops, givin' mics men-e-strual cyclesIt Ain't Hard to Tell (Nas)
„Поезија во Америка“ е иницијатива создадена и раководена од професорката по англиски на Универзитетот Харвард, Елиза Њу. Се работи пред сè за дигитална платформа, која нуди бесплатни онлајн курсеви, но и интересни видео-разговори со познати личности за нивната омилена песна, меѓу кои Џо Бајден, Херби Хенкок, Бил Клинтон и Џон Литгоу. Целта е промовирање на оваа форма помеѓу младите, така за тие да сфатат дека поезија не е само Хомер или Шекспир, туку и стиховите од нивните омилени хип-хоп, рап или поп песни.
Најновото видео издание е разговор помеѓу спомнатата професорка и раперот Наз (Nas), анализа на неговата поетски прилично комплицирана песна (и не сме иронични), It Ain't Hard to Tell (стихови горе).
Интересно е да се види како на раперот, на почетокот малку сомничав кон целата работа полека се отвара и се обидува да ѝ ги приближи значењата, суптилните нијанси и целата семантика на оваа негова песна. Ѝ објаснува на повозрасната госпоѓа, на пример, дека „грејфрут“ е синоним за мозок, што се „брејк-лупс“, како и начинот на кој генг сленгот се разликува од обичниот.
Ама и таа не останува должна - на младичот му открива што сакал да каже со некои стихови, и на неговото изненадување сосема ја погодува поентата, иако не бил свесен за таквите можни значења. Фин мост кој се гради од зборови, без попување и патронизирање.
Знаеме некои наши професори кои би можеле да го направат истото со наши рапери, иако не знаеме колку би се воздржале да не изговорат „дискурс“ или „парадигма“, а пак другиве на тоа да одговорат со некоја кодирана, ама многу сочна пцовка.
Разговорот (4:45)
Песната