- Американските сили соопштија дека уништиле 16 ирански бродови поради стравувањата дека тие ќе го минираат Ормускиот теснец и ќе го загрозат сообраќајот на танкерите со нафта и товарните бродови.
- Претседателот Трамп му се закани на Иран со „досега невидени воени последици“ ако постави мини во теснецот, широк 21 километар. „Ако го отстранат она што можеби го поставиле, тоа ќе биде огромен чекор во вистинската насока“, додаде Трамп.
- Извори на ЦНН тврдат дека Иран пред неколку дена почнал да поставува мини во теснецот. Протокот не е целосно миниран, но иранската морнарица задржала меѓу 80% и 90% од специјализираните бродови и мали чамци, со капацитет да постават стотици мини. Револуционерната гарда има и проектили на копно насочени кон теснецот.
- Трамп завчера најави дека Морнарицата ја разгледува опцијата да ги придружува трговските бродови и танкерите додека пловат низ теснецот за да ги заштити од напади.
- Од проодноста на теснецот зависи цената на нафтата во светот. Пред да биде затворен, низ него секој ден поминуваа 15 милиони барели сурова нафта и 4,5 милиони барели рафинирани горива.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.