Одговорот е негов нов краток документарец под наслов „Ми требаше боја“. Шестминутното видео е објавено уште пред две недели, но неодамна стана вирално откако Вимео го испромовира со тоа што го стави во категоријата „избор на уредништвото“. Во моментов тоа има над 2 милиони прегледи.
Во филмот Кери објаснува како дошол до идејата да се занимава со уметност (сликарство и скулптура), што значи таа за него, и како изгледа процесот на создавање едно дело. Вели дека она што му се допаѓа кај креацијата од овој тип е слободата да се изрази преку делото, кое иако го прави според одреден план сепак знае да го изненади и да го однесе во неочекувана насока.
Со ова Кери се става на списокот холивудски ѕвезди кои се испробале и во уметноста, кои коментатор на Гардијан ја нарекува филмска „орда на срамот“, а во неа освен Кери ги вбројува и Џејмс Франко и Вал Килмер. Тие постојано добиваат ужасни критики за нивните дела, кои според него се резултат на “страшната илузија дека доколку поседуваат неколку оригинални Ворхоли тие знаат нешто за уметноста“. За разлика од актерите, музичарите се поомилени (иако не е јасно дали се навистина поталентирани), како во примерите на Боуви, Леонард Коен или Боб Дилан.
Сепак има и такви кои сметаат дека потегот на Кери треба да се почитува, како обид за потрага по себеси и како добра промоција на уметноста за терапевтски цели. Погледнете го самите видеото па просудите, и за квалитетот на неговите дела и за состојбата на неговиот ум во моментов