Bookbox

Новиот филм на Нолан повторно разгоре битка  – археолошка и историска – која трае со децении околу прашањето каде всушност се наоѓала легендарната Итака, татковината на херојот на Хомер.

Математиката и музиката отсекогаш биле поврзани преку ритамот, хармонијата и пропорциите. Токму оваа единствена врска е во фокусот на меѓународниот фестивал Festum π, кој секое лето на Крит, веќе пет години, ги обединува научниците, музичарите и љубителите на уметноста во богата програма од концерти, предавања и научни дискусии.

Ново медицинско толкување за смртта на музата на Ботичели

Повеќе од пет века историчарите сметаа дека Симонета Веспучи, прочуената убавица на италијанската ренесанса и веројатна муза на Сандро Ботичели, починала од туберкулоза. Но ново истражување предлага поинакво објаснување: ретко, но драматично медицинско нарушување кое, според авторите, подобро се совпаѓа со историските сведоштва и промените што се забележуваат на нејзините портрети.

Филдсов медал 2026: математичарите што ги поместуваат границите на знаењето

Филдсовиот медал, често нарекуван „Нобелова награда за математика“, и годинава ги истакна научниците чии идеи отвораат нови хоризонти не само во математиката, туку и во физиката, информатиката и разбирањето на природата. На Меѓународниот конгрес на математичарите во Филаделфија, четворица истражувачи под 40 години ја добија оваа престижна награда за решавање на проблеми што со децении, па и со векови, им пркосеа на најголемите умови. Меѓу нив особено се издвојува Џон Пардон – тивок, скромен научник чии револуционерни идеи веќе се сметаат за пресвртница во современата математика.

Κако Нетфликс ја прекина традицијата што ја правеше телевизијата посебна

Со години Нетфликс важеше за платформата што целосно ги промени навиките на телевизиската публика, нудејќи цели сезони одеднаш и поттикнувајќи „бинџање“. Но, според сè повеќе аналитичари, токму тој модел денес почнува да му се враќа како бумеранг. Во текст на Слејт се тврди дека стриминг-гигантот ја нарушил една од најважните особини на телевизијата – чувството дека гледачите со текот на времето градат трајна врска со ликовите и сериите што ги следат.

Eсеј за садењето

Не посадив хектар тутун, дури ни парцела пченка. Мојот „плантажер“ е само метро и пол на метро. Па сепак, доволно за да претставува еден мал свет, со големи амбиции.

Стриптастик: илустрирана книга за тоа што значи да заработуваш од стриптиз

Стрип-албум за стриперската професија, направен врз основа на изјави на 300 соговорнички од бизнисот, а издадена со пари собрани преку кампања на Кикстартер. 

Tвин Пикс: вистинското убиство кое ја инспирираше култната серија

Џуџиња што играат, жени што шетаат наоколу со цепаница во рацете, пити со цреши, тину-нину музика и надреални сценографии - сето ова беше дел од атмосферата на „Твин пикс“, онаква каква што ја знаевме од 1990-тите. На само неколку денови пред премиерата на новите епизоди, во рамки на Канскиот фестивал, за една неразрешена мистерија која послужила како инспирација за приказната.

70-то издание на Kaнскиот фестивал - контроверзи и очекувања

Вчера се отвори Канскиот филмски фестивал, кој ќе се одржи од 17-28 мај. Претседател на жирито оваа година е Алмодовар, а во него, соочен со презир на европските филмофили, членува и Вил Смит. Моника Белучи го водеше отварањето, а дел од нејзиниот настап беше залапувањето на сцена со францускиот колега, комичарот Алекс Луц. И ова е само почеток.

„Вештерката Агнеси“ - како погрешен превод довел до необично име на математички концепт

Се работи за крива, која и денес се користи во математика и статистика, а нема врска со никаква вештерка, туку само со погрешен превод.

Нов документарец за човекот кој само еднаш го играл 007

Џорџ Лejзенби не е баш име кое некој од нас го поврзува со улогата на 007. Но тој си е самиот виновен - по првиот снимен филм одбил милионски договор за уште шест продолженија, затоа што некој го советувал дека „со Бонд е завршено“.

Кога аутистичен актер игра аутист

Не е ок (велат) кога поединци кои не се „транс“ играат такви улоги. Не е ок (велат) кога бел актер игра небелечки улоги. Конечно е ок тоа што некој кој знае како е да си аутистичен ќе игра ист таков лик, прв пат на професионална театарска сцена.

Од бестселери до книги што никој (веќе) не ги сака

Една хуманитарна организација во Британија ги замоли луѓето да престанат да ја донираат „Кодот на да Винчи“ затоа што имале премногу примероци од неа. Такви книги, кои речиси преку ноќ стануваат од најбарани до најраздавани, има многу.

„Никој од никаде“ (Un illustre inconnu, 2014)

Матју Касовиц го памтиме од „Амели Пулен“, од „Амин“ на Коста Гаврас или „Минхен“ на Стивен Спилберг. Го знаеме и како сценарист и режисер на суровиот „Омраза“ со Винсент Касел. Ама во овој филм тој има тешка задача - да игра некој кој е никој и ништо.

„Спинерот“ кој го отсликува светот во кој живееме

Последниов месец низ дома се пека за некаква играчка која ја немало кај нас, ама била „супер“. На прашањето што конкретно се прави со неа, одговорот е - ништо. Но на радоста ѝ немаше крај кога случајно ја најдовме на пазарска тезга, на која едвај можеше да ѝ се пристапи не само од деца, туку и од возрасни кои би нешто да вртат.

„Пичкица“: прв роман посветен на ерата на Трамп

Не дека и претходно немаше романи кои од далеку најавуваа можност некој како актуелниот 45-ти претседател на САД да го преземе кормилото на земјата. Но новата книга на Хауард Џејкобсон е опишана како „брутална сатира која ги повикува сите писатели на активен отпор“ кон човекот кој сега има име, презиме и еден фин епитет, кој е просто греота да се троши за опис на ликови како него.

Во одбрана на анти- интелектуалноста

„Големите“ филмови, како и големите книжевни дела, си бараат и време и посебна состојба на умот за човек да може да ги совлада и да им го посвети заслуженото внимание. Ако сме искрени, шансата дека ќе одиш по патот по кој почесто се оди е прилично голема во услови на дневен физички замор и психичка истоштеност. Па што има лошо во тоа?

Комунизам за деца

„Си беа еднаш едни луѓе, и сакаа да се ослободат од лошиот капитализам. Како можеа да си ги остварат соништата?“ Вака почнува нова книга која се обидува да им ги приближи вистинските идеи на комунизмот на новите генерации, растени на капитализам.

Рокенрол халата на славните бара библиотекар

Знаеме некои локални ликови кои лежерно би можеле да аплицираат и да го добијат местото, со оглед на тоа што се подвижни музички енциклопедии. Иако според огласот не делува дека позицијата е многу „рокенрол“.

Научници откриле 23 празни страници кои би можеле да бидат загубено дело на Бекет

Во 2006, само неколку недели по 100-годишнината од раѓањето на славниот драматург, во неговата архива се пронајдени куп празни листови. Еве како извести Тhe Onion за тој вонсериски настан.

Teaтарска претстава за Големиот хадронски колајдер

Нова продукција на „Ројал Шекспир компани“ е драма која се одвива пред самото пуштање во употреба на LHC во Церн, а зборува за однос помеѓу научник кој работи во централата, и новинар кој известува за историскиот момент.

Човекот кој организираше 250 сликари да нацртаат портрет на неговиот пријател

Брет Јаско и Џон Ригерт се долгодишни пријатели. Обајцата живеат во Питсбург, каде првиот се занимава со графички дизајн, а вториот со сликарство. Но Џон уште од трауматичното детство постојано имал психички проблеми. До моментот кога неодамна посегнал по својот живот.

Бил Клинтон пишува роман со Џејмс Патерсон

„Претседателот е исчезнат“ е наслов на книгата која поранешниот претседател на САД наскоро ќе ја објави во соработка со неговиот другар од голф.

Зошто Русија ги изедначува Јеховините сведоци со ИСИС?

Согласно одлука од април оваа година, заедницата на Јеховините сведоци во Русија е прогласена за екстремистичка. Активностите на скоро 200,000 верници во оваа земја се забранети, а имотот е конфискуван од страна на државата.

Откачени нотни записи

Како и во секоја професија, и во музиката си постои жаргон кој служи како некој вид „код“ за разбирање на оние кои се бават со неа. Како на пример кога за некој што не ги следи баш нотите ќе кажеш дека „брљави по текстот“. Но понекогаш самите нотни записи содржат нестандардни коментари, кои би требало појасно да ја пренесат идејата на авторот.

Ник Кејв: „Нашите животи се како ѕвончиња на ветер“

Денес, 5 мај, излегува компилацијата „Прекрасни суштества: најдоброто од Ник Кејв и Бед сидс 1984-2014“. По тој повод Кејв даде интервју за Гардијан, едно од ретките по смртта на неговиот син, кој падна од карпа во јули 2015 под дејство на Ел-ес-ди.

Вистинската причина за самоубиството на Хемингвеј - девет потреси на мозокот

Досегашниот консензус помеѓу психијатрите беше дека Хемингвеј се самоубил како резултат на биполарно нарушување, или пак дека само премногу пиел. Нова книга тврди дека славниот автор страдал од хронична трауматска енцефалопатија.