Кога некој уметник ќе стане придавка - орвеловски, кафкијанска, џојсовски - тоа може да значи две работи: или нивното дело површно се сведува на едно толкување, или нивниот специфичен стил инспирира други уметници да создадат нови и оригинални креации базирани на претходните идеи. Оттаму, важно е не само колку ги разбираме делата на Орвел, Кафка или Џојс, туку и на оние кои ним им претходеле.
Кога станува збор за Дејвид Линч, „линчовски“ асоцира на специфична, „хипнотичка“ и по малку морничава атмосфера, создадена преку употреба на специфична кинематографска техника, но и на иста таква музика. Она што најчесто не се спомнува е влијанието на сликарството врз естетиката на Линч, кој самиот почнал да слика и црта од мали нози и студирал уметност во Бостон во шеесетите. Иако професионално се определил за филмот, неговото образование го подготвило за дизајнот на неговите антологиски сцени.
Според овој видео есеј, најголемо влијание притоа врз Линч имаат извршено Рене Маргит, Едвард Хопер и Арнолд Беклин, како и мајсторот на психолошкиот хорор, Френсис Бејкон. Референците, вака прикажани, се препознатливи, иако во светот на Линч тие водат свој, посебен живот.