Таг: Дејвид Линч

Дејвид Линч од карантин емитува временска прогноза

Линч тринаесет години нема режирано игран филм, но тоа не значи дека седи без работа. Во овој период, меѓу другото, тој сними албум, напиша мемоар, одржуваше мастерклас и учествуваше во развојот на VR играта Твин Пикс. Сега, во време на пандемија, одлучи да снима - временски прогнози.

Дејвид Линч ве учи да чукате на тастатура

Развиена од Рајно сту продакшнс, „Дејвид Линч подучува куцање“ е игра која ви ветува дека откако еднаш ќе ја поминете во целост ќе станете волшебник на тастатурата. Ќути што знаевме да куцаме од претходно...

Што значи тоа „линчовски“?

Видео есеј кој ги покажува сликарските влијанија врз режисерот кој е еден од ретките кој ја има доживеано честа неговото име да прерасне во придавка. 

Зошто ретро-манијата по „Твин пикс“ е вознемирувачка?

Пред неколку дена Линч изјави дека нема да го режира продолжението на „Твин пикс", неговата култна серија, прикажана пред точно 25 години. Фановите реагираа со големо разочарување и со надеж дека финансиските недоразбирања меѓу него и продуцентот ќе се решат, а некогашната актерска екипа почна акција за негово враќање. Сепак, има и такви кои сметаат дека во оваа ретро-манија по серијата има и нешто необично, коешто треба да загрижува.

Предизвикот со кофа мраз на Дејвид Линч

Овој пат ќе бидеме кратки - Линч, кафе, труба и еден евергрин исвирен многу, многу лошо. Потоа, истото тоа пуштено наназад. Плус, неговата номинација. 

Нова реклама на Линч за лак за нокти

Kултната серија Твин Пикс, која ги одбележа 1990-тите, неодамна наполни 25 години. Се изнапишаа куп анализи и ретроспективни есеи за откачениот стил на Линч, кој доследно си се држи до него. Дури и во најновата реклама за - лак за нокти.

Дејвид Линч велит

За неговата чудна приврзаност кон завесите, привлечноста на длабочините и неговиот единствен „сладок грев" - мафините. Вака кога му ги читаш изјавите, делува ко сосема нормален човек. Кој во животот фатил големи риби.

Кога Дејвид Линч прави реклама

Федерико Фелини, Ридли Скот, Спајк Џонз... долга е листата на угледни филмски режисери кои се пробале во светот на ТВ адевртајзингот. Овојпат го одбираме Дејвид Линч затоа што е лесно во неговите реклами да се најде она што ги поврзува: лудило.

Сликарот во Линч

Денес во Њујорк се отвара изложба на Дејвид Линч, прва во овој град од 1989. Авторот на неодоливо бизарните „Син сомот“ и „Диви во срцето“, како и на серијата „Твин пикс“ која некогаш се гледаше како сега турските серии, всушност се занимавал со сликарство пред да почне да режира.