„Тука во Лос Анѓелес е...малку облачно...имаше и магла утрово“, вели славниот режисер во својот метео-извештај за 11 мај 2020. „Околу 17 Целзиусови. Ама наскоро ќе имаме сонце и повисока температура“.
До некаде очекувана прогноза за саканиот град на Линч во мај, која додуше е направена со седење дома. Ненадејното запирање на движењето во него поради коронавирусот прави чуда за квалитетот на воздухот. „Имаме облаци и магла, но среде сето тоа синевина“, вели тој на 12 мај.
Иако оваа негова активност изгледа врзана за изолацијата („си немал Дејвид работа..“), долгогодишните следачи на неговите интернет проекти ќе го препознаат ова како продолжение на дневните видео прогнози, кои тој ги постираше уште во 2008:
А дека Линч во сегашните видеа седи точно во истата просторија од 2008 покажуваат поголемиот број предмети кои го опкружуваат, од ѕидниот телефон до шољата кафе. Единствено е различна резолуцијата на видеото, што е знак колку се развила целата технологија во меѓувреме.