Во видеото објавено на јутјуб Шахак Шапира и неговите другари-активисти со стенсил нанесуваат избор од твитови во стилот на „На Германија ѝ е потребно конечно решение за исламот“ и „Гас за Евреите“. Според уметникот тој самиот има пријавено над 300 примери со говор на омраза на оваа социјлана мрежа, но до сега има добиено само девет одговори од компанијата.
„Ако Твитер ме тера со сила да ги гледам ваквите работи, тогаш треба и тие да ги видат“, вели тој во видеото, опишувајќи ги ваквите коментари како нарушување на правилата која ги има наведено самата компанија.
Портпарол на Твитер пак изјавил дека не може да коментира поединечни твитови заради „почитување на приватноста“ на корисниците, но дека фирмата прави сè во нејзината моќ да спречи злоупотреба на мрежата, додавајќи дека Твитер во моментов спроведува 10 пати повеќе „чистење“ на постови со говор на омраза споредено со истиот период минатата година.
Шапира вели дека Фејсбук бил поагилен од Твитер во одговор на неговите барања, отстранувајќи 80 проценти од 150 хејт-спич коментарите кој тој ги има пријавено. Заради сето ова, тој одбрал некои од твитовите кои не биле избришани и им ги напишал на одговорните под нос. Каде и кому да му ги пријавиме ние нашите?