Досега неиздадениот запис чиј автор е самиот Луис, кој во него се појавува и во главата улога, е од 1972. Раскажува за кловн кој е уапсен од нацистите заради тоа што во пијанство го навредувал Хитлер. Ставен е во концентрационен логор каде го мачат, и го тераат да води деца до гасните комори.
Овој мрачен филм со, според малкумината кои го виделе, многу погрешно употребениот хумор, веројатно го мачел и самиот режисер, бидејќи тој долго време го држел заклучен во приватен сеф, пред да го донира на Конгресната библиотека. Неговото првично објавување, според Шон Леви, авторот на биографијата на Луис, „Кралот на комедијата“, било блокирано од ко-сценаристката Џоан О’Брајан, а подоцна Луис и самиот одлучил да не го прикаже, а и да не зборува за него. Во ретките интервјуа каде бил прашан за филмот одговарал со „лош, лош, лош“ и „никогаш не треба да биде виден“.
„Бев засрамен од делото и благодарен што имав моќ да го скријам и никогаш да не дозволам некој да го види. Можеше да биде прекрасен, ама ја закашкав работата“, изјавил во 2013. „Откак ќе ме нема, кој знае што ќе се случи? Но мислам дека ги имам правните алатки за да го задржам таму каде што е“.
Минатата година, каде дел од документарец прикажан на Би-би-си, протекоа сцени од филмот на јутјуб. Почнаа да кружат и наводни верзии од сценариото, инспирирајќи читања во живо и видео симулации. Изгледа дека покрај сè што остави зад себе, Џери Луис ќе остане запамтен по она што од него уште не е видено, и кое најверојатно не е смешно. Ама за да се увериме во тоа ќе мора да почекаме до 2024-та, кога Конгресната библиотека ќе го извади од сефот.
Извадоци од филмот со изјави на Луис (нарацијата е на нешто што звучи како холандски)