Bookbox

Се викале Виктори Вертикал и биле пијана произведени од Стенвеј специјално за американската армија. Имале и посебна, транспортна кутија која ги штитела од оштетувања. Целта била преку музика да се крева моралот на војската, и во тоа овие инструменти сигурно помогнале. 

Помислете на омилениот научно-фантастичен роман. Сигурно го знаете насловот и авторот. Но што е со уредникот или издавачот? Една жена се уште го нема добиено заслуженото признание за тоа што ги проширила границите на научната фантастика и на фантастиката воопшто, приближувајќи ги до нови читатели.

„Не остана ли ништо свето?“: спортскиот скандал што ја тресе Британија

Можеби мислите дека има врска со фудбал. Или со тенис, коњски трки, бокс. Не, оваа приказна за актуелна контроверзна победа на домашно првенство има врска со - челичен костен!

Дали конечно ќе ги слушнеме предупредувањата од гласна музика?

Како што глобално расте бројот на случаи на тинитус (зуење во ушите), така стануваат сè популарни затки за уши, како и барањата за стишување на музиката на јавни настапи. ПА НЕ МОРА СÈ ДА Е ГЛАСНО!

Букбокс друштвени игри бр.12: „Реилроуд Инк“ или железници од мастило

Има некое чуство на задоволство во творењето/креирањето на било што. Кога пред твои очи празната хартија се трансформира во нешто за што на крајот ќе речеш: - „Го гледаш ова? Jас го создадов“. Во случај на Реилроуд Инк, тоа значи да создадеш најефективната транспортна мрежа од железници и патишта поврзувајќи ја точка А со точка Б низ навидум празното гратче на почетокот на играта.

Пол Велер за современата музичка индустрија и новиот албум

Вчера (недела) на сцената на Гластонбери 2015 продефилира неверојатна комбинација изведувачи - од Лајонел Ричи, Пати Смит, Далај Лама кој пред 100,000 луѓе ги дуваше неговите роденденски свеќички, па до старите добри Ху. Меѓу нив и Пол Велер, исто така и стар и добар, ама и нов, затоа што има тазе албум под наслов Saturn's Pattern.

Вечната мистерија на бракот

„Книга за бракот: векови совети, инспирација и поучни приказни од Адам и Ева до антидепресиви" е опишана како антологија на мудрости за институцијата, која од времето на нејзиното формирање ги тера оние кои влегле во неа по некое време да се прашаат - што ми требаше?

Ренесансата и јајцата

Овој месец една изложба на Пјеро ди Козимо, ренесансната верзија на Хиеронимус Бош, патува од Националната галерија на уметност во Вашингтон во Уфици во Фиренца. Тоа е само еден од бројните сликари на ренесансата кој во боите обилно користел жолчки од јајца. Њузвик поставува логично прашање - што ли правеле со толку преостанати белки?

Турнеите и менталното здравје на музичарите

Несоница, хроничен стрес, осаменост во хотелски соби - ова се само дел од психолошките опасности со кои се соочуваат истите оние музичари за кои додека ги гледаме на сцена мислиме дека сè им е потаман.

Дискретните херои

Вчера на социјалните мрежи забележавме фотографија на долг ред, којшто наводно ги претставува луѓето кои во Белград со часови чекале за потпис од нобеловецот Марио Варгас Љоса. „Нема шанси", си рековме, мислејќи дека тоа е уште една од оние сатирични вести. 

Зошто Сервантес сакал да биде погребан под манастир?

400 години од неговата смрт, Шпанија ќе организира официјален погреб на Сервантес, откако во јануари археолозите потврдија дека остатоците погребани под Манастирот на босоногите Тринитаријанки во Мадрид се на славниот шпански писател. Тоа било неговата последна желба, да биде во близина на калуѓерките кои му го спасиле животот. 

Запознајте го Борис Гребеншиков, рускиот Боб Дилан

Комбинација на рокенрол ѕвезда и поетски бард, Гребеншиков бил еден од оние кои во времето на СССР свирел „западна" музика со откачени стихови полни сатира и мистицизам. Деновиве има концерти во САД, по повод новиот албум кој зборува за современа Русија и конфликтот во Украина.

Почина холивудскиот џин меѓу композиторите

На 61 година во авионска несреќа почина Џејмс Хорнер, еден од елитните холивудски композитори. Работел и по 16 часа дневно, а во една година знаел да направи музика и за повеќе од десет филмови. И сите тие не би биле она што се без неговите композиции.

Музиката од втората сезона „Вистински детектив“

Кога заврши првата сезона True Detective, и сфативме дека во следната ќе ги нема Меконахи и Харелсон, однапред одлучивме дека таа нема да ни се допадне. Според насловите кои вчера, ден по премиерата на втората сезона, го преплавија интернет - „Сите тонат во разочарување", „31 најглупи моменти од Вистински детектив" - имало и други како нас. 

„Додека сме млади" (2015)

Што се случува со генерацијата Икс носена од бранот на „Миленумците"? Дали амбициозната младост навистина не знае, а резигнираната старост и да сака, не може? Ова е едно од прашањата кои ги поставува филмот, којшто би бил сосема во ред, доколку не би се трудел од петни жили да биде два филма - едниот благо комичен, другиот крајно сериозен.

Кој ги доби монографиите од Милчо?

Пред некој ден ве повикавме да испраќате ваши дела инспирирани од реплики од филмовите на Милчо. Еве избор од пристигнатото, и добитниците. Ви благодариме на сите.

Енциклопедија на стравот

Обемно и богато дело неодамна објавено во Србија, кое во форма на речник на скоро шестотини страници обработува цел низ поими и имиња кои се на различни начини поврзани со стравот. А со него може да биде поврзано сè, затоа што најголемиот страв е всушност оној од - стравот.

Нов филм за Станфордскиот експеримент

Психолошки трилер за едно од најбизарните истражувања на човечкото поведение на професорот од Универзитетот Станфорд, Филип Зимбардо. Иако спроведен пред повеќе од четири децении, тој и денес се цитира секогаш кога се зборува за леснотијата со која се внесуваме во улога која ни е доделена, без оглед дали е на жртва или е на мачител.

Нова книга од една од најдобрите живи рок-критичарки

Своевидна антологија текстови пишувани последниве 20 години, оваа книга со претенциозен наслов е всушност поттик за сите жени кои би сакале да се занимаваат со музичка критика - да го пронајдат сопствениот бескомпромисен тон, но и да го вклучат моралниот филтер кога оценуваат нечија музика. 

Осумчасовна композиција што се слуша во кревет

Што се добива кога ќе се спојат современ композитор и невролог? Музика којашто го истражува начинот на којшто искусуваме звуци во различни состојби на свеста - на пример дур спиеме среде концертна сала, додека оркестарот со часови ни свири приспивна. 

Сè ти е тоа во главата: вистински приказни за замислени болести

Сигурно ви се случило да појдете на доктор заради симптоми кои варираат од обично чешање до јаки вртоглавици, а од таму луѓето во бело да ве испратат не со рецепт за конкретен лек, туку со баналното „опуштете се".

Пофалба на кредата

Да можевме, овој текст ќе ви го напишевме на старата добра црна (или зелена) школска табла, со сунѓер во левата и креда во десната рака. Не само заради некаква носталгија, туку како протест против сите тие Power Point презентации, лаптопи, таблети, кои го претворија образованието во куп шарени сличиња. Плус, никаков дигитален аудио ефект не може да го замени звукот на чкрипење со креда на табла.

Белешки кон смртта на една култура

Перуанскиот нобеловец има нова збирка есеи, опишана како „провокативна" иако зборува за една ноторна вистина - опаѓањето на интелектуалниот живот. Не нашиот, општо.

Je suis Дежуловиќ

Три години по објавувањето на еден текст на Дежуловиќ, судот одлучи дека Слободна Далмација треба да им плати отштета на навредените. И наместо уредникот кој го одобрил текстот зад застане зад новинарот, тој одлучи да ја прекине соработката со добитникот на највисоката европска награда за новинарство. Колегите се солидаризираат, а тој повторно во случајов гледа нешто добро -  се чувствува како да е 1990, а тој млад и полетен. 

Жива ли е музиката?

За да покажеме дека џез публиката во Скопје има не само историско минато и плодна сегашност, туку и сигурна иднина, поканивме еден млад човек, студент од прва година по етнологија, да напише неколку редови за една од неговите музички љубови. 

Манастирска музика што најдобро се слуша со пиво

Можеби не е баш соодветно да се каже дека Бенедикта е „бенд“, затоа што се состои од 18 монаси, од манастирот Св. Бенедикт во централна Италија. Нивниот нов албум „Напеви од Норча" веќе е хит, а најдобро легнува доколку се слуша пиејќи го пивото коешто самите го произведуваат.

Eдна година во која мажите нема да можат да објавуваат

Во 2018 една британска издавачка куќа нема да објави ниту едно дело од машки автор. Одлуката е резултат на две работи, кои очигледно функционираат ако сакаш да иницираш промена: јавна провокација и шарени дијаграми.

Напиши есеј и добиј фарма со кози?

Некоја нова мода се појавува во САД последниве месеци - луѓето ги даваат нивните домови, фарми и хотели како награди на книжевни конкурси. Иако ова за сопствениците е добар начин да се ослободат од долговите, тие истовремено им даваат шанса на оние со помали примања и литературен талент да добијат дом каде би пишувале на раат.