Кој ги доби монографиите од Милчо?

Пред некој ден ве повикавме да испраќате ваши дела инспирирани од реплики од филмовите на Милчо. Еве избор од пристигнатото, и добитниците. Ви благодариме на сите.

Кај ли ти оди
гласот твој кога тебе
те нема веќе?

Реплика на Анџела во Прашина, тука малку видоизменета за да одговара на строгите норми на хаику поезијата. 

Златко Стојковски

***
Психометриката на испотената пивска вечер негираше постоење на какви било марисолни супстанци за одзатнување на исфилозофираниот воздух.

- Ќе ти изгорат пиперките.

Органограмот на постојната знатност со која очите шараат низ секвенците на сенките кои правопропорционално ја делат страста со празнењето на чипсната чинијка објаснуваат еден локалитет непознат за свесноста како водата за рипките. Манастирска мускат темјаника боеше една ноќ со премостливи ветувања и планински гушки. Беше Скопје, јуни на календарот и вејтсов грејпфрут месец тежеше отаде.

Деновите кои ги нижеш на мост од воздишки тргнувајќи од едноставна отсечка со почеток и крај ги разбираш како една душевна ламинатност од која нема излез кон неправилноста. Наредните денови се едноставно нижење на темиња од време, па од ден на ден тераш кон триаголник, четириаголник... до оној момент кога темињата ќе геометрираат, кога ќе си затворен во кафез од брчки низ чии потраги по загубени времиња согледуваш дека времето никогаш не умира, а и кругот не е тркалезен.

Maрко Манчев

***

Од визуелните:

 

 

И победниците (ќе ги контактираме како да си ги подигнат книгите):

Ален Туцо

Владимир Лазороски - Адо

Пристигнато по објавувањето на победниците, ама скроз добро (by @ninjastic75):

 

20 јуни 2015 - 13:57