Bookbox

Денес Светското првенство е најголемиот фудбалски настан во светот, но малкумина размислуваат колку време поминало од неговото прво издание. Првиот Мундијал се одржал во Уругвај од 13 до 30 јули 1930 година и завршил со триумф на домаќинот. Речиси еден век подоцна, интересно е да се потсетиме кои познати личности биле живи во тоа време. Меѓу нив има научници, писатели, спортисти и актери кои оставиле неизбришлива трага во историјата.

Малкумина знаат дека во античко време Грците и Кинезите не само што имале индиректни контакти преку трговијата, туку и влегле во вооружен судир. Овој речиси заборавен конфликт, познат како „Војната за небесните коњи“, се случил меѓу 104 и 102 година п.н.е. и ги спротивставил Грчко-бактриското кралство и кинеската династија Хан. 

Витезот на уметноста во жолти влечки: замина Дејвид Хокни

Со смртта на Дејвид Хокни на 88 години, светот на уметноста загуби еден од своите највлијателни и најиновативни творци. Британскиот сликар, графичар и фотограф, кој остави длабока трага во уметноста на 20 и 21 век, беше препознатлив по својата смела употреба на боите, необичните перспективи и постојаната подготвеност да експериментира со нови технологии. А живееше во духот на слободата кој го промовираше и во своите дела.

Секс-кукла изложена во резиденцијата на германскиот претседател

Необична изложба на современа уметност во официјалната резиденција на германскиот претседател предизвика големо внимание во јавноста. Најмногу реакции предизвика бронзена скулптура инспирирана од јапонска секс-кукла, која на Штајнмаер му се бендисува, бидејќи се поврзува со главната идеја на поставката - слободата на изразување. 

„Битката за Сантјаго“ - фудбалскиот натпревар што ги иницирал жолтиот и црвениот картон

Фудбалот денес е еден од најпопуларните и најпрофитабилни спортови во светот. Играчите заработуваат милиони, клубовите се во сопственост на милијардери, а натпреварите привлекуваат огромно внимание. Иако страстите често се разгоруваат, фудбалот генерално не се смета за насилен спорт на теренот. Токму затоа ретките инциденти на екстремно насилство остануваат запаметени во историјата.

По смртта на Џери Луис: дали некогаш ќе го видиме неговиот „загубен“ филм?

Меѓу оние кои тажеа по еден од најголемите комичари во историјата, кој почина неодамна на 91, имаше и такви кои веднаш искоментираа - „Нека му е лесна земја, веднаш да се објави Денот кога кловнот плачеше!“. Ама од Конгресната библиотека велат дека тоа нема да се случи до 2024-та.

Женско помрачување на сонцето

Денес, 21 август, околу 12 милиони луѓе ќе можат да го посведочат целосното затемнување на сонцето, прво кое ќе се гледа од целиот северно-американски континент, од еден брег до друг, од 1918. Нова книга под наслов „Американска еклипса“ од Дејвид Барон ја раскажува приказната за обидот на една нација да ја фати „сенката на месечината“ и улогата на жените во ваквиот потфат.

Букбокс гледаше на Македокс: „Avec l'amour" (2017)

Не се сеќавам кога последен пат сум присуствувала на искрени стоечки овации по завршување на проекција, а камоли да се работи за документарец. Ама и тоа се случи, на домашната премиера на овој во основа неамбициозен, но крајно „фил гуд“ македонски филм, правен со многу љубов. И ова не е лажна вест.

Букбокс читанка: „Сенките на новозаветната етика“ од Љупка Христова-Башевска

Да има правда, ко што нема, оваа книга би требало да биде вистинскиот скандал кој ѝ се случил на нашата средина. И тоа не затоа што се обидува некого да расколеба во неговата вера, туку затоа што полемизира со убедувањето на неверниците, дека без оглед дали Библијата се чита како Света книга или како световна лектира, таа содржи патокази кон доброто, моралното и вредното. „Чекајте малку, другари!“, вели авторката - македонскиот Кристофер Хиченс.

Пред интернет: библиотекарките кои разнесувале книги на коњи

Во текот Големата депресија во САД, кога целата нација била во длабока криза, библиотекарите ги полнеле бисаѓите со книги и на коњ ги посетувале изолираните предели на Кентаки - една од најпогодените држави од парализираната национална економија.

Набљудувачот и набљудуваните: кога наш истражувач ќе почне да се занимава со Твитер

Често сме пишувале за лингвистички анализи кои се однесуваат на социјалните мрежи, кои станаа доминантен виртуелен „терен“, и тоа не само за јазичарите, туку и за психолозите, антрополозите, психијатрите, и секој оној кој сака да разбере како (побогу) функционира современиот човек со пристап до интернет. Но немавме локален пример за истото. Сè до сега.

Кога Нобеловецот Куци програмирал компјутери да пишуваат поезија

Пред да стане еден од најпознатите светски писатели, Нобеловецот и двократниот добитник на Букер, Џ. М. Куци, работел како програмер. Од денешна перспектива ништо спектакуларно. Но зборуваме за 1960-тите кога сè уште никој немал компјутер во канцеларија.

Со графити против говорот на омраза на Твитер

Германско-израелски уметник кој ја обвинува социјалната мрежа за неагилност во бришењето на твитови полни со говор на омраза, ги земал работите во свои раце - испишувајќи ги навредливите пораки на улицата пред седиштето на компанијата во Хамбург.

Жените кои помогнале во подемот на Кју-клукс кланот

Стереотипно, се смета дека женските политики се секогаш понежни и помалку расистични од машките. Историски податоци за жени на раководни позиции на американскиот ККК кој заговара(л) супериорност на белата раса, антисемитизам, хомофобија и антикомунизам, прикажува една поинаква слика.

Букбокс читанка: „Ризик: науката и политиката на стравот“ од Ден Гарднер

„Скопски Аеродром ќе се наполни со бегалци“. „Вакцинираните деца имаат до 500% повеќе болести за разлика од невакцинираните“. Ова се само дел од aктуелни наслови на статии на македонските портали. Хиперболи, лажни информации, комбинирани со неколку извичници и вознемирувачки фотографии можaт да го разбудат човекот од камено доба во секој од нас - oној кому му е страв без оглед на свеста дека сето наведено може да е целосна измислица.

Добитникот на Струшкиот венец: Сè што сакав е да пишувам песни од кои нема да се срамам пред пријателите

Да го искористиме моментот дур уште „се јава на бранот на еуфоријата“ во врска со СВП, за да проговориме за важните работи. На пример за тоа кој е овогодинешниот добитник, за кого никој не се сети да крене џева. А човекот самиот си кажува дека не само што не е некој генијален поет, туку дека има и побитни работи од поезија. На пример - полнење стапици за глувци со путер од кикирики.

Јазичкиот експеримент на кралот на Шкотска

Додека се занимаваме со нашиот закон за јазиците, да видиме како на крајот на 15-тиот век еден владетел се обидел да покаже кој е најстариот јазик, оној оригиналниот, даден од Бога, преку експеримент кој подразбирал целосно отсуство на каков и да е говор.

Ханиф Курејши за неговиот пријател, Дејвид Боуви

На 7 септември ќе излезе нова, до сега најдетална биографија на Дејвид Боуви. На повеќе од 500 страници, таа содржи 180 интервјуа со негови пријатели, конкуренти, љубовници и соработници, од кои повеќето никогаш порано не зборувале јавно за нивната врска со Боуви.

Подем на книгите на тема досада (кои не се досадни)

Во последниве две години е забележан тренд на објавување книги на тема која кажува нешто за „цајтгајстот“ кој го живееме. Време во кое многу интересно не е (веќе) интересно.

„Правилото на 7 секунди“ или како да не изгледаш како лесна жртва на напад

Веројатно има социјални, логистички и културолошки разлики помеѓу напади кои би можеле да се случат на улица поради кражба, сексуално малтретирање или киднапирање во различни земји. Но според нова книга на оваа тема помеѓу нив има и нешто универзално - оние кои напаѓаат одлучуваат дали сте податна жртва за само неколку секунди.

Една од најпрепечатуваните книги на англиски е прирачник за - рибарање

„Комплетниот рибар“ од 1676 година е многу повеќе од книга со практични совети за фаќање риба. Таа е медитација за природата и за пријателството.

Џим Кери сними документарец за неговото ново хоби - сликањето

Неколку години нема снимено филм, и иако неодамна се појави во споредна улога во The Bad Batch скоро никој тоа не го забележа, а тој самиот ги одби сите понуди да учествува во промоцијата на филмот. Но што правел во меѓувреме?

Во книгите сè повеќе се пцуе

Марк Твен напишал: „Треба да има просторија во секоја куќа во која може да се пцуе, затоа што е опасно да потиснуваш такво чувство“. Денес тој веројатно би бил среќен со резултатите на нова студија, која идентификува „драматичен“ пораст на пцости во американската литература во последниве 60 години.

Кога е најдобро да одиш на мочање во тек на филм?

Апликацијата се вика RunPee, и служи да сигнализира кога почнува досаден дел од филмот којшто го гледате, за ако одите до ве-це да не пропуштите ништо значајно.

Сите проблеми со „Данкирк“

Го фалат (со право) дека визуелно е богат и дека со многу малку дијалог успева да изгради атмосфера. Ама и многу го кудат (пак со право), затоа што е прилично искривена верзија на историјата. Што е битно само ако очекувате од игран филм да биде и документарен.

Муабет меѓу рапер и професорка на Харвард

Средба на зборови и светови, која на почетокот изгледа дека ќе биде арогантна од страната на „академската заедница“, а недоверлива од страна на раперската. Добра поука за сите такви можни, а често неоставерени размени. 

Последиците од тоа секој да има право на свое мислење

Што точно мислиме под она дека „секој има право на свое мислење“, кога е јасно дека и покрај таквата теориска великодушност сепак постојат мислења кои се (мнооогу) погрешни, и нивни носители на кои таквото право не би требало да им е овозможено?

Букбокс гледаше: „Арогантна чавка“ (Upstart Crow, 2016)

Од перото на Бен Елтон, авторот на антологиската „Црна гуја“, пресмешна мини-серија за Шекспир, која е одлична алатка за привлекување средношколци и студенти по англиски кон неговиот лик и дела. Затоа што иако е хумористична, таа е сепак историски и книжевно издржана.

Прирачник од 1923: „Девојки кои не треба да се земаат за жена“

Комбинација на мизогинија, расизам и хомофобија, збогатена со еугеника и псевдопсихологија, ова е урнебесно парче литература од почетокот на 20 век.