Bookbox

Замислете дека сте маж кој последниве триесет години имал многу близок пријател, маж, со кого не само што професионално соработувал туку и пиел по кафани, се тепал и правел други стереотипно „машки“ нешта. Одеднаш, на 61 година, вашиот пријател ви кажува дека ќе стане жена, со цицки, репче и цветни фустани. Дали ќе му понудите да тргнете на пат низ земјата за да го поддржите во оваа идеја?

„Помошно средство за секаква намена за потребите на вашата канцеларија или дом“. Вака гласи препорака со пет ѕвездички на книга на Амазон. Не која било книга, туку учебник со 1279 страници, тврда корица и (навидум) едноставен наслов: „Гравитација“.

Шарлот, Емили и Ен не се ни Бронт, ни Бронте, туку Бронти?

Денес, 26.09., излезе вест дека е исправена грешка направена уште пред 85 години, со тоа што во Поетското катче на Вестминстерската опатија презимето на сестрите кои на македонски (српски, бугарски) ги знаеме како БронтE биле напишани без две точки врз е-то. На англиски без тие ознаки некој може да го прочита презимето како „Бронт“, а всушност е Бронти.

Oд каде потекнува идејата за „рамноправност“?

Човечката историја е цик-цак линија на доминација и обиди за регулирање на истата, со развивање на кооперативни начини на живеење. Последново е „цик“-от. А „цак“-от е огромен чекор нaназад во периоди кога поради потреба од работна рака (поради земјоделие или индустрија) хиерархиските структури повторно биле воспоставувани, посилни од претходно. 

Kaранфилче: ароматичниот зачин кој создал империи

Позади еден навидум скромен зачин стои сложена историја на царства и профити, колонијализам и глобализација. Според локалните верувања, пак, растението имало еден куп моќи. Жените од островите го користеле тајно како афродизијак, верувајќи дека го зголемува сексуалниот апетит. Мажите го користеле во време на војна, сметајќи дека ги прави невидливи и оттаму неранливи. 

Цената на времето или вистинската приказна за должничките камати

Eдвард Ченселор е британски финансиски историчар, новинар и поранешен банкар. Во 2016 беше наречен „еден од најголемите живи историчари на финансиите“. Минатата година излезе негова книга која се осврнува на она што има уништено голем број животи - цената за задолжувањето и каматите на истото. 

Одбрана птицата на векот (со неочекувана помош на Џон Оливер)

Загрозен вид птица по име путекетеке стана победник на натпревар организиран од организација за заштита од Нов Зеланд. Во ова ѝ помогна меѓународна кампања организирана од некој за кого не би очекувале да се интересира за вакви нешта - водителот Џон Оливер.

Бизарното сценарио на Ник Кејв за Гладијатор 2

Расел Кроу го замолил Кејв да напише сценарио за нешто што можеби, а можеби и не било сериозно земено предвид за продолжение на славниот филм на Ридли Скот, кое е планирано за 2024. Без оглед на тоа, текстот останува да сведочи за креативноста на мислата на музичарот-писател.

Филозофот кој почина покриен со кравји лепешки

Древна Грција можеби била напредна на многу полиња, но медицината, барем од денешна гледна точка, изгледа не била баш едно од нив. Еден учен филозоф, незадоволен од тоа што не му нуди лек, се обидел самиот да си ги смали отоците. И умрел на неславен начин.

Гласот на Едит Пјаф ќе биде рекреиран со вештачка интелигенција за нов филм

Шеесет години по нејзината смрт, гласот на францускиот „славеј“ ќе биде искористен во игран филм посветен на нејзинот живот. Продуцент е Ворнер мјузик груп. Ова се случува по контроверзите од пред две години со користењето на ВИ за рекреација на гласот на Ентони Бордејн во документарецот за него. 

„Таа ноќ ја видов“: вистинската екстравагантна благородничка од романот на Драго Јанчар

Во март 2015, група словенечки археолози откриваат остатоци на маж и жена во шума близу гратчето Преддвор, во северна Словенија. Тогаш медиумите известија дека станува збор за некогашните сопственици на дворецот Стрмол, Радо и Ксенија Хрибар, кои на крајот од Втората светска војна се однесени на непозната локација од страна на новата власт - партизаните. На нив, само под други имиња, се однесува наградуваниот роман на Драго Јанчар, „Таа ноќ ја видов“, кој излезе пет години порано, во 2010.

Кажете му фала на Ал Капоне за означувањето на рокот на траење на млекото

Американскиот бизнисмен и генерално гангстер наводно почнал да се залага за воведување рок на траење на шишињата со млеко, откако некој од неговото семејство се затрул од застојано млеко. Можеби стварно му било до здравјето на луѓето, а можеби имало врска и што ја поседувал потребната технологија. Кај шишиња со алкохол, таму и шишиња со млеко.

„Последна станица Ларима“: гратчето со 11 жители, од кој еден е убиецот

Среде пустелијата на северна Австралија, во регион наречен „Никогаш Никогаш“ (сериозно), има населба која тешко дека би можела да се нарече град. Во неа до скоро живееле 11 луѓе. Сè до исчезнувањето на локалниот шегаџија. Доволно „штоф“ за документарец кој се прикажува на Нетфликс. 

Бергруен - „Нобелот“ за филозофија тежок 1 милион долари

Од 2016 институтот Бергруен од Лос Анѓелес доделува признание на „мислители чии идеи ни помагаат да пронајдеме насока, мудрост и подобро разбирање на самите себе во свет кој рапидно се менува“. Првиот добитник беше канадскиот филозоф Чарлс Тејлор, а оваа година наградата оди кај американскиот социолог и теоретичар Патриша Хил Колинс. 

„Најад“: 64-годишната пливачка што исплива од Куба до Флорида

Нов филм на Нетфликс ја раскажува приказната за Дајана Најад, маратонска пливачка која на 60 години одлучува да го заврши она што не успеала на 28 - да исплива повеќе од 170 километри среде ајкули и отровни медузи. Успева по неколку години и обиди. 

Очекувајќи брз автобуски превоз во Скопје, да го запознаеме проектот за подводно метро во Индија од 1921

Во април оваа година властите на Калкута, сосе инженерите кои работеа на проектот, се качија на подводна железница за тест возење. Линијата ќе биде отворена за патници до крајот на 2023. Но таа во голема мерка се базира на нацрти на британски инженер роден во Бенгал, од пред еден век.

Од супер, преку мега до омни-ѕвезди: кaко вештачката интелигенција ќе ја трансформира славата

Koмпјутерите со децении ги заменуваат човечките работни места. Сега долгата рака на вештачката интелигенција почнува да посега и по оние најгламурозните. И иако интуитивно изгледа како да ќе ги загрози, досегашната историја на иновациите покажува дека славните преку нив само станале уште пославни.

„Секој ден, во секој поглед, сè повеќе напредувам“: по трагата на една 100 години стара афирмација

Денешните самонаречени мотивациски тренери и животни советници можеби мислат дека нивните занимања се измислица на новото време и дека тие имаат некаква револуционерна улога во истото. Но моќта на автосугестијата била позната одамна, а неа ја промовирал еден француски психолог од 19 век.

Ренесансни ножеви со вгравирани ноти за молитва пред и по вечера

Низ музејските колекции повремено се појавуваат ножеви чија намена не е сосема јасна. Изгледаат како со нив да не може баш нешто асално да се исече, а од двете страни имаат реална музичка нотација за религиски песни кои траат по 30 секунди. Во светот во моментов се познати само дваесетина парчиња кои изгледаат навистина убаво. 

Гонкур 2023: редок случај престижната награда да се додели на бестселер

Најпрестижната книжевна награда во Франција, која во пари „тежи“ само 10 евра, но повлекува слава и продажба, се доделува од 1903-та. Оваа година неа не ја доби некое елитистичко дело, туку автор кој со само четири објавени книги доживува метеорски подем и статус на автор на бестселери.

Древната грчка сандала за сексуални работнички која оставала „кодирана“ трага 

Најстариот занает на светот, како што понекогаш се нарекува, отсекогаш бил на тенката меѓа помеѓу дозволеното и забранетото, јавното и тајното. Оттаму, оние кои се занимавале со него морале да бидат и малку креативни во своето рекламирање. 

Музејот на стотици природни мириси во Калифорнија

Специјалистот за парфеми Менди Афтел поседува голема колекција на ретки есенции и артефакти кои се изложени во нејзината Архива на необични мириси во Беркли. Помеѓу нив има познати, како лаванди и цимети, но и ретки, како посебен вид тасмански цветови (14.000 долари кило) или исцедок од мачкини жлезди.

Последната официјална чуварка на светилник

Сели Сноумен последниве 17 години е чувар на Бостон Лајт, светилник кој датира од 18 век, на мало парче копно во Бостонското пристаниште во Масачусетс. Таа во декември ќе се пензионира и со тоа ќе биде означено згаснувањето на оваа професија во САД, а веројатно и пошироко. 

„Одзади“: изложба посветена исклучиво на опачините на славните слики

Нова поставка во музејот Прадо во Мадрид ги истражува задните страни и рамките на уметничките дела за да ги долови нивните приказни, тајни и патувања. Некои од откритијата, до сега достапни само на очите на конзерваторите и авторизираните истражувачи, се навистина интересни. 

Запознајте го Кирил и Методиј на Чероките

Се викал Џорџ Џист и бил домороден сверноамерикански полимат и просветител на народот Чероки. Неговата иновативна азбука, која содржела дури и кирилица (?!), направила неговите сонародници не само да ја памтат, туку да можат и да ја запишат својата традиција. Најпрвин од нив бил обвинет за „вештерство“, но кога Чероките сфатиле дека на овој начин ќе имаат адут плус пред агресијата на белците му рекле - „А да нè научиш?“.

Пример за „сечена-лепена-монтирана“ фотографија од 1902

Лажните вести и монтираните фотографии ги поврзуваме со современите технологии, кои им нудат можност дури и на понеписмените во оваа област да експериментираат или намерно да манипулираат. Ама човечката природата одамна била лажовна, па дури и кога било покомплицирано, фотографиите се „фотошопирале“ рачно.

Букбокс гледаше: „Грабнувањето“ (серија, 2020)

Британска серија за мрачната страна на набљудувањето со безбедносни камери на секојдневните движења на градските улици, кое се оправдува со повисоки интереси на информираноста и следењето сомнителни активности. Но што се случува кога границата помеѓу снименото и реалноста ќе се замагли?

Човекот кој собира знаци „Не вознемирувај“ од цел свет

Некој Едвардо од Турин, Италија, пензиониран државен службеник кој на времето многу патувал, не само што собира хотелски знаци од оние што се ставаат на квака кога не сакаш да те вознемируваат, туку истите и ги архивира онлајн.

Шефот на ХБО ангажирал „армија“ вработени да напаѓаат ТВ критичари онлајн

Кејси Блојс, извршен директор на ХБО, се извини за тоа што ангажирал вработени да креираат лажни Твитер профили и преку нив да постираат про-ХБО коментари и да ги напаѓаат ТВ критичарите кои немале добри зборови за она што се прикажувало на овој стриминг сервис.