Џули Веј, режисерка на документарци за Дајана Рос, Стинг и Стиви Вондер започнува нов проект - игран филм за Едит Пјаф, шеесет години по нејзината смрт. Станува збор за 90-минутна приказна која ќе се случува во Париз и Њујорк од 1920-тите до 1960-тите. Наратор на филмот ќе биде „факсимил“ генериран со помош на вештачка интелигенција на гласот на Пјаф и ветува дека ќе открие „аспекти од нејзиниот живот кои претходно не биле познати“.
Анимацијата ќе внесе модерен дух во нејзината приказна, додека вклучувањето архивски снимки, изведби на сцена, телевизиски настапи и интервјуа на публиката ќе ѝ овозможи увид во значајните моменти од животот на „парискиот славеј“. Продуцент е Ворнер мјузик груп, според кој технологијата била обучувана на стотици снимки и слики на Пјаф, некои oд нив стари и по 80 години. Проектот го има благословот на наследниците на легендарната пејачка.
Претходно, Пјаф била тема на неколку документарци и филмови, вклучувајќи го „Живот во розово“ од 2007 со Маријон Котијард во улогата на Пјаф, за што се закити и со Оскар.
Користењето глас на починати славни личности генериран со ВИ пред две години предизвика контроверзи кога истото беше направено во документарецот за Ентони Бордејн, The Roadrunner (за што пишувавме тука).