„Музејот на мириси: истражување на необичниот и прекрасен свет на аромите“ е книга на специјалистот за парфеми Менди Афтел, во која таа ги истражува својствата на мирисите да вратат спомени, да стимулираат фантазија и да мотивираат. Ова го прави преку претставување на сопствената колекција мириси и начинот на нивното архивирање.
Сместен во мирна улица во тн. „гурманско гето“ на Беркли, каде има еден куп познати ресторани од каде исто така излегуваат привлечни ароми, Архивата на необични мириси на Афтел е отворена во 2017. Oд тогаш привлекува голем број посетители, од комерцијални познавачи на парфеми, преку градинари, готвачи и други други кои никогаш не чуле за, на пример, стиракс (сладок цветен мирис кои испарува од стеблата на дрвjата) или боронија (деликатна и скапа цветна арома).
Збирката содржи не само предмети и течности што мирисаат, туку и нивни „контејнери“, како уметнички изработена метална топка од 17 век, направена во неа да се чуваат ароматични зачини и растенија како заштита против инфекции. Интересно е што сите предмети смеат да се допираат и мирисаат, бидејќи нели тоа е поентата.
Музејот не случајно го содржи зборот „необични“ во својот наслов, затоа што некои од изложените предмети се токму такви. Помеѓу нив е препарирана мачка, до која има информации за улогата на животните во древната изработка на парфеми, вклучувајќи ја и принудната секреција на нивните жлезди кои во случајов на конкретното животно произведуваат „фекално-цветен“ мирис. Како што денес миризливите предмети се прават така за да не се забележуваат (како оние мали ароматизери за автомобил кои се лепат на незабележително место), во викторијанско време се носеле копчиња кои во себе содржеле ткаенина наменета да апсорбира и да задржува мириси.
Еден од најинтересните предмети во изложбата е сепак „органата на парфеми“ - полици организирани во форма на клавијатури при што на нив се наредени „високите“, „средните“ и „ниските“ ноти парфеми и тоа по азбучен ред. Помеѓу нив има и познати, како грејпфрут или камилица, но и многу почудни. Галангал, на пример, е комплексен и по малку горчлив зачин кој мириса на мешавина на кадрамом, ѓумбир и шафран - древните Еѓипјани често го палеле за да го дезинфицираат воздухот.
Самата Афтел произведува парфеми, користејќи рецепти од антикварни и ретки книги и купувајќи масла од искусни парфимерии. Таа има напишано и уште една книга, „Есенција и алхемија: природна историја на парфемот“, која денес се смета за еден од основните прирачници за секој почетник во оваа област.