Bookbox

Нашата навика да копаме по гајбите со стари книги на сè почесто организираните настани со продажба и размена на стари книги низ градов, ни донесе уште еден „бисер“ - збирка статии објавени во 2001, во кои се истражува феноменот на забраните во поранешна Југославија и независна Македонија на театарски претстави, книги и полемички текстови. За некои од нив знаевме, но други навистина нè изненадија, дури и насмеаа.

Со смртта на Дејвид Хокни на 88 години, светот на уметноста загуби еден од своите највлијателни и најиновативни творци. Британскиот сликар, графичар и фотограф, кој остави длабока трага во уметноста на 20 и 21 век, беше препознатлив по својата смела употреба на боите, необичните перспективи и постојаната подготвеност да експериментира со нови технологии. А живееше во духот на слободата кој го промовираше и во своите дела.

„Битката за Сантјаго“ - фудбалскиот натпревар што ги иницирал жолтиот и црвениот картон

Фудбалот денес е еден од најпопуларните и најпрофитабилни спортови во светот. Играчите заработуваат милиони, клубовите се во сопственост на милијардери, а натпреварите привлекуваат огромно внимание. Иако страстите често се разгоруваат, фудбалот генерално не се смета за насилен спорт на теренот. Токму затоа ретките инциденти на екстремно насилство остануваат запаметени во историјата.

Букбокс гледанка: „Амели или карактерот на дождот“ (анимиран, 2025)

Филмот, кој беше номиниран за Оскар за 2026, ја буди носталгијата по детството и потсетува колку силно раните искуства и луѓето што ги среќаваме во тие години го обликуваат нашиот идентитет. 

Жртви на преработеност имало и во 19 век - лекот бил „легитимно безделничење“

Денес зборуваме за „брнаут“, ментална и физичка исцрпеност предизвикана од постојан притисок, прекувремена работа и неможност да се исклучиме од обврските. Но иако поимот изгледа современ, луѓето се соочувале со слични проблеми и пред повеќе од еден век. Викторијанците како лек препорачувале нешто што и денес би звучело како добра идеја: неколку месеци, па дури и години, поминати на сонце покрај Медитеранот.

Прв музеј во светот посветен на стомакозборците

„Вентрилоквизам“ е комплицираниот назив на сега подзаборавената вештина на зборување од стомак. Еден американски музеј е дом на скоро 1000 кукли чиј глас оживувал на овој начин.

Омилениот диригент на Хитлер

Берлинската филхармонија издава нов комплет од 22 ЦД-иња со снимки од концерти на еден од нејзините директори и диригенти, направени пред и за време на Втората светска војна. Со тоа се отвараат голем број прашања поврзани со правењето уметност во очајни времиња.

Робинзон Крусо полни 300

Една од најпознатите книги во книжевната историја, втора по број на преводи после Светото писмо, се уште е лектира во нашите програми иако според современите толкувања се темели на расистички стереотипи. Што е толку привлечно во романот на Дефо?

Кога Горан Стефановски го интервјуираше претседателот Глигоров

На 24 април 1998 година, во својот деветти број, некогашниот магазин "Форум" објави мега-интервју со тогашниот претседател Киро Глигоров, направено од Горан Стефановски. По повод денешниот датум, 3.5, или 102 години од раѓањето на претседателот Глигоров, пренесуваме делови од него.

Нова книга на Кнаусгoрд посветена на Едвард Мунк

“Толку многу копнеж, толку малку простор“ е новото дело на славниот норвешки автор, со кое тој сака да ни го претстави сликарот зад „Крик“.

Професорите чиј фетиш е посебен вид креда

Да користиш табла и креда во ера на дигитални образовни пронајдоци, во форма на таблети, пауер-појнтови и други тракатанци, звучи во најмала рака необично, дури и богохулно. Уште понеобично е ако имаш омилен бренд креда, и те фаќа паника да не го снема.

На денешен ден: 500 години од смртта на Да Винчи

Леонардо си сер Пиеро да Винчи го напуштил овој свет на 2.5.1619, на (за тоа време) достоинствена старост од 67 години. Роден од брак на фирентински нотар и селанка, тој за време на животот станал вистинска рок ѕвезда во светот на уметноста. А постхумната слава еве му трае веќе пет векови.

Банана-протести против цензура во Полска

Полската национална галерија, поради „морални причини“, отстрани видео инсталација која прикажува „интеракција на жена со банана“. Луѓе излегоа на улица јадејќи банани, за да протестираат против она што тие го нарекуваат цензура.

Писателот-патолошки лажго

Уште не ни е јасно дали сите лаги и измами му се дел од некаков поширок концепт, чија смисла некогаш ќе ја открие, или човекот си има проблем. Но е интересен случај на лабава граница меѓу фикцијата што се пишува, онаа што се кажува и онаа што се живее.

Пронајдено продолжение на „Пеколниот портокал“ на Ентони Бурџес

Кратко време по премиерата на филмската адаптација на Кјубрик од 1971, авторот добил понуда: да напише продолжение на романот кој во насловот би го содржел зборот „пеколен“.

Кенијската народна песна посветена на американски кантри пејач

Денес, 30.04 е Меѓународен ден на џезот. Овој музички жанр е веројатно најдобриот доказ за тоа колку креативни можат да бидат музичките прелевања и „позајмувања“, кои не се сведуваат секогаш на тоа дека белецот краде од другите. Понекогаш инспирацијата е обратна. 

„Професорот и лудакот“ (2019)

Во 2016 пишувавме за книгата со истоимен наслов, која ја раскажува приказната за правењето на Оксфордскиот речник на англиски јазик. Тогаш најавивме дека ќе се снима филм со Шон Пен и Мел Гибсон во главните улоги. Повеќе од дваесет години по откупувањето на правата, филмот конечно пристигна.

Бешамелот како малтер на нацијата: приказната за славниот грчки готвач Целементес

На 22 април во МКЦ се одржа трето издание на изложбата „Поместени граници“, оваа година со наслов „Молк за...“. Помеѓу изложените дела од неколку автори, едно ни остави посебен впечаток, затоа што ги поврзува (на начин на кој тоа делумно го правиме со „Јадење книги“) храната и идеологијата.

Сенката како граѓанско право

Во македонскиот сенката нема баш позитивни конотации и може да означува дека си доминиран („во нечија сенка“) или дека некој дејствува затскриено („од сенка“). Но во време на глобално затоплување, особено на места на кои сонцето и онака безмилосно пече, сенката станува граѓански ресурс, индекс на нееднаквост и критериум на јавно здравје.

Совети за дигиталното доба од средовековни монаси

Не само ние, и средовековните монаси, чија задача било бесконечно долго да препишуваат ракописи, имале проблеми да се концентрираат. Се жалеле дека се прeплавени со информации, често се занесувале гледајќи низ пенџере, или мислејќи кога е следниот оброк. Тие можеби имаат нешто да ни кажат за нашата современа мака да се сосредоточиме на она што го правиме.

Како се случува песна?

Jас не знам дали знам како се случува песната!

„Тоитоитои“: суеверија на музичарите

Како што на рибар не му се вика „со среќа“, така и на актерите пред излегување на сцена не им се посакува добра претстава. Но понежен од англискиот „скрши нога“ (break a leg) е еден друг израз кој се користи помеѓу музичарите, особено помеѓу оперските пејачи.

Повторувањето не е мајка на досадата

Ако сте во друштво кое треба да се одлучи за филм, а помеѓу насловите има таков кој на повеќето од вас ви е гледан, тогаш тој автоматски излегува од конкуренција. Грешка, сугерира нова студија.

Откриена „дата базата“ на сите книги во Eвропа од 16 век

Ја составил вонбрачниот син на Колумбо, и со векови никој не знаел каде точно се наоѓа. Сè додека неодамна не искрснала среде збирка на исландски истражувач која се чува во Копенхаген.

Врската меѓу Јунг и корејскиот поп

Пред некое време пишувавме за тоа како корејскиот поп стана глобален феномен, спомнувајќи ги Би-ти-ес, момчешки бенд кој во 2017 прерасна во еден од најголемите нови феномени во САД. Сега тие имаат нов албум, кој има врска, ни повеќе ни помалку, туку со основачот на аналитичката психологија.

Милчо Манчевски: „Книгите ми помогнаа да си го најдам местото во светот“

23 aприл е Меѓународен ден на книгата и авторското право, кога традиционално се упатува порака од УНЕСКО, но и од сите земји кои го одбележуваат овој ден. Оваа година македонската ја напиша Милчо Манчевски.

Не баш „дебата на векот“: Питерсон наспроти Жижек

Беше помпезно најавувана, создавајќи атмосфера на претстоечки спортски натпревар, иако не е баш јасно кој спорт би бил најсоодветната метафора. За Жижек можеби некој што бара мавтање со раце (одбрана ватерполо?), за Питерсон нешто како шах или стреличарство. Ама пак се разбраа.

Пиење и книги

На денот кога го оддржуваме деветото издание на „Јадење книги“ си велиме, да не згрешивме ние со хранава?

Урино-археологија: нов метод за откривање древни тајни

Пред околу 10.000 години група ловци и собирачи се населиле во долините на модерна Турција и останале таму цел милениум. Но за тоа во колкав број биле и какви домашни животни чувале, сега се користи еден сосема нов извор - мочката.