Bookbox

Фестивалот на креативен документарен филм Македокс оваа година ќе се одржи од 21-28 август на неколку локации. Меѓу 75-те филмови има еден кој навидум многу пати сте го гледале. Но и покрај препознатливиот формат, тој сепак успева да трогне и да допре, низ приказните на децата од едно училиште во Виена. 

Нова книга под наслов „Книжевниот клуб на ЦИА“ од долгогодишниот новинар на Гардијан, Чарли Инглиш, е возбудлива историја на тоа како агенцијата пренесувала забранети книги преку Железната завеса.

Кратка историја на маиците со слогани

Имаме фиоки полни маици – удобни, евтини и лесни за комбинирање. Но маицата одамна не е само „основно“ парче облека. Последните 70 години таа е средство за самоизразување, а денес, во 2025, маицата со натпис е како подвижен билборд за протестни и ангажирани пораки, макар биле напишани и со коректорски грешки.

Џабе совети, пак носиме одлуки сами

Меѓународно истражување спроведено во дванаесет земји покажало дека, при донесување сложени одлуки, луѓето насекаде во светот најчесто се потпираат на сопственото размислување, наместо да бараат совет од други. Ова важи и за поиндивидуалистичките, и за поколективистичките општества. 

Апокалипса: нова книга за прастара тема

Колку повеќе учиме за апокалипсите од минатото, толку повеќе надеж имаме дека ќе ја надминеме и нашата, онаа реалната или замислената. Тоа нема да биде пријатно, ниту праведно, но светот и нашите култури, заедници – па дури и нашиот вид – од неа ќе излезат променети. Ова го тврди авторка на нова книга на тема апокалипса.

Aвстралискиот уметник што помина 3 дена закопан под земја е здрав и жив

Четвртокот вечер толпа гледачи се собра во Хобарт, Тасманија, за да гледа како еден човек ќе биде жив закопан. Мајк Пар, перформанс уметник познат по претходни екстремни настапи, на 73-годишна возраст одлучи да остане под земја 72 часа, без храна, само со вода и една книга.

Самоукиот експерт за Џојс кој исчезна

Во саботата, на 16.06, традиционално се одбележа Блумсдеј, денот кога се одвива дејството во романот „Улис“ на Џојс. И иако изгледа дека сè во врска со него е веќе кажано, на виделина излезе необичен случај со истражувач на ова дело.

„Македонскиот стрип во изданијата на новосадски Дневник“

Зошто е важно тоа дека македонски цртачи биле вклучени во големи проекти во некогашна Југославија, а од таму и во Европа? Затоа што тоа ни кажува дека локалната стрип историја е со многу подолга традиција, и дека е многу побогата, отколку што тоа обично се претпоставува.

„Јас не сум лесен маж“ (Нетфликс, 2018)

Француска сатирична комедија во која мизогиничниот свет на денешнината е заменет со таков во кој мажите се оние потиснатите и искористените. Но овој поинаков поредок всушност и не е толку различен. 

Последниот филм на Роберт Редфорд пред пензија

Деновиве, колку да сочуваме здрав разум и да се потсетиме дека на светов има и други теми, гугламе „наши“ луѓе за да видиме како се и што прават. Така дознавме дека еден од нив - Том Вејтс - снима филм со Роберт Редфорд, под наслов „Стариот човек и пиштолот“.

„Доверливо од Спрингфилд“: нова книга за Симпсонови

Неодамна Симпсонови ја прикажа својата 636 епизода и со тоа стана најдолго прикажуваното телевизиско шоу во американската историја. По скоро 30 години тоа стана институција, како што ретко се случува со која и да е серија.

Патните дневници на Ајнштајн откриваат шокантен расизам

Приватните дневници на славниот физичар, и (барем до сега) докажаниот хуманист, од негови патувања низ Азија, откриваат дека не ги сакал баш жителите на овој континент, особено не Кинезите.

Што гледаме кога гледаме бои?

Нова изложба во Музејот за дизајн Смитсонијан под наслов „Сатурирано: привлечноста и науката на бојата“ објаснува како го доживуваме и го разбираме овој феномен.

Koга јавното пиење кафе било забрането

Во 1633 отоманскиот султан Мурат Четврти почнал битка против еден обичај за кој верувал дека предизвикува социјален распад и конфликт во главниот град Истанбул. Според некои легенди, тој преправен шетал низ улиците на градот, носејќи со себе голем меч за да му ја отсече главата на оној кој се занимавал со незаконската активност. А таа била - јавно пиење кафе.

Зошто во поголеми сали музичарите треба да свират побавно?

Двајца големи музичари доаѓаат до исти заклучоци за врската помеѓу музиката, времето и просторот. Едниот го образложува ова во форма на книга, другиот во интервју. Обајцата нè потсетуваат дека музиката, колку и да изгледа „езотерично“, е сепак врзана за материјалното.

Мрачната страна на интелигенцијата

Коментарот дека некој е неинтелигентен (читај: глуп) не се однесува само на неговите ментални способности. Тој низ историјата знаел да биде и пресуда, за тоа што тие луѓе смеат, а што не смеат да прават, а таков е и денес. Интелигенцијата, со други зборови, е политичка.

Пронајден загубениот албум на Џон Колтрејн од 1963

На 29 јуни ќе биде објавен албум на славниот џез музичар и саксофонист, за кој до сега се сметаше дека е исчезнат.

Се самоуби Ентони Бордејн

Човекот кој го шеташе светот по цела ширина и должина, кој нè учеше да не се плашиме од нови доживувања и вкусови (макар тоа бил и свински анус), кој проповедаше дека телото не е храм туку луна парк, почина на 61 година.

Панкерот кој се врати од мртвите

На 5 јуни во Тулуз, Франција, почна судење кое има врска со неколку работи: грабеж на банка, панк движење кое беше популарно низ Европа во раните 1980-ти, и еден човек кој се врати од мртвите. Необична комбинација, за необична приказна.

Цензурата како самокастрација

Неодамна, по седум години и седум месеци, Дежуловиќ престана да ја пишува редовната колумна во сараевско „Ослобоѓење“, онаа која секојпат почнуваше исто - со другар му Кожо кој во два по полноќ му се јавуваше да му каже виц. Но неговото откажување не е ни смешно, и не е виц. Панчиќ го нарекува (само)кастрација на медиумите, без оглед на страната на политичкиот спектар на која припаѓаат.

Зошто европските политичари одеднаш го цитираат Достоевски?

Да цитираш руски писател може да биде згодно. Се разбира притоа да ги толкуваш неговите зборови онака како што ти одговара.

Книга за правење домашно сирење за деца

Рики Керол и до сега беше позната по книги со рецепти за правење сирење. Но оваа новата е наменета за деца, за место да кмишат на мобилни да се фатат да прават моцарела, рикота, фета и други сирења за новите генерации.

Што беше тоа „чест“?

„Честа е поскапа од парата“. „Поарно е да имаш име чесно отколку многу сребро, „Честа чест носи“. Овие македонски поговорки не сме ги чуле одамна, веројатно затоа што е тешко да се „продадат“ како релевантни за новото време. Но што е тоа точно „чест“? Нова книга се обидува да го објасни овој феномен.

Нецензурираниот Чајковски

Русите уште имаат проблем да признаат дека еден од нивните сјајни композитори повеќе сакал мажи. Сега на англиски прв пат се објавени и оние делови од неговите преписки кои досега беа цензурирани од домашните дежурни моралисти. 

Вистина, лаги и книги

Распадот на старите сфаќања околу тоа што е реалноста сега е најважната реалност. Светот денес веројатно најдобро може да се објасни во смисла на конфликтни и често некомпатибилни наративи.

„Месо“: изложба за борбата помеѓу животот и смртта

Во Altes Museum во Берлин се отвара изложба на древна и современа уметност, која го истражува постојаниот конфликт помеѓу живите и мртвите во човечката култура.

„Не постојат возрасни“ - нова книга совети за оние кои наближуваат кон 40-тата

Ако сте забележале дека во рубрикава стануваат актуелни текстови за средовечноста, тоа секако не е случајно. Ама немојте да мислите дека сте премлади за да ги читате. Брзо си доаѓа 40-ка. И уште побргу изгледа проаѓа.