Проектот е дел од годишниот фестивал Дарк Мофо, а идејата зад него е да им оддаде почит на домородните жртви на британското колонијално насилство. Во 1828 кога бил воведен воен закон против домородните Тасманци тие присилно биле протерувани од својата територија. Притоа биле убиени 900 претставници на домородните племиња и 200 колонисти.
Ова е приказна која е се уште присутна, но која тлее под површината на современата култура, токму како што тоа го симболизира „исчезнувањето“ под земја на Пар, поточно под една од најфрекфентните раскрсници во Хобарт, која по неговото закопување продолжила да функционира по старо.
Кога по три денови Пар излегол од „кутијата“ изјавил дека под земја медитирал, цртал и ја читал „Фаталниот брег“ на Роберт Хјуз. Од таму го извадиле работници со тешка машинерија по два часа копање по битуменот. Надвор на дождот го чекале стотици поддржувачи.
Ова е сепак блага верзија на она што го правел Пар кога бил нешто помлад - еден од неговите најрани перформанси се состоел од лежерен разговор со публиката, а потоа сечење на неговата рака со секира. Всушност се работело за неговата вештачка рака, полна со крв и лажно (мелено) месо, но со оглед на тоа што голем број од присутните не знаеле за неговиот хендикеп, и дека тој носи протеза, тие доживеале шок, а имало и паднати во несвест. Во 2003, тој 30 часа седел во една галерија со другата рака закована за ѕид, како протест кон начинот на кој австралиската влада ги третира бегалците и баратели на азил.
Неговиот најнов проект сепак не наишол на одобрување кај дел од домородните групи, кои сметаат дека закопувањето под земја на „некое старо-аро“ не е начин да се раскаже нивната приказна.