Bookbox

Неодамна присуствувавме на работилница за правење природен сапун, каде во воведот се спомна нешто на што никогаш не сме помислиле - од каде името на плочката што пени и меури?

Еден од најзначајните антрополози на 20 век е можеби жена за која ретко кој слушнал. На 11-годишна возраст била киднапирана од племето Јаномамо, земјоделци од Амазон, па така знаела за што зборува кога го опишувала нивниот живот. Сепак, никој од академската заедница не ѝ обрнал внимание, иако нејзините искуства можеле да исправат некои погрешни претстави и да ѝ овозможат поспокоен живот, откако еднаш избегала во „цивилизација“.

Уметниците кои водат правни битки за признавање на своето авторско право врз дела генерирани со ВИ

Во 2022 уметник поднесува своја слика на уметнички саем. Сликата добива прва награда. Ама до денес авторот не може да ја регистрира како сопствено дело, бидејќи таа е генерирана со помош на ВИ. Во тек е судски спор кој може да ја определи иднината на толкувањето на тоа до каде е автор човекот, а од каде машина.

Овие риби имаат нозе

Се викаат морски црвеногушки и имаат „тело на риба, крилја на птица и повеќе нозе, како краба“. Уште почудно - нозете им имаат сензори за вкус. 

Како тоа видеотеките изумреа, а книжарниците (фала богу) не?

Кога се појавија компјутерите, таблетите и мобилните, ретко кој продолжи да користи роковници и нотеси. Претходно зајмевме филмови од видеотеки, а сега низ светот нив ги има во многу мал број, само за носталгични „н'рдови“. Сите сакаат пристап до содржини со еден клик. Логично на сето ова - како и зошто опстануваат книжарниците?

Приказната за единственото дрво-стројник

Сторија во која се преплетуваат легенди, фолклор, политика и лични животни судбини. Како онаа на еден даб и еден поштар, кој дваесет години кај дрвото оставал пораки од осамени срца, за кои тој станал главен стројник.

Хит книга со совети за преживување во (британски) затвор

Дали риба во конзерва е вредна затворска валута? Дали ако имаш неконтролирано мокрење ти следи самостојна ќелија? Книгата на Карл Катермон го издигна на ниво на херој помеѓу неговите колеги-затвореници, а до сега кружеше како фотокопија. Утре, 20.06, го издава престижниот Пингуин.

„Знаењето“ е надминат и штетен концепт?

Наместо да е темел на вистината, знаењето е концепт од камено доба, кој ни штети во секојдневниот живот во модерниот свет. Тврдењата на авторот на овој есеј се можеби спорни, сигурно вознемирувачки, но нудат интересен агол.

Наскоро излегува загубениот албум на Мајлс Дејвис

Се вика „Рабербенд“ и е направен под влијание на дигиталната револуција во музиката од 1980-тите.

Уметноста се продава ко (скапа) алва

Во Базел од 11-15 јуни се одвиваше најголемото продажно уметничко шоу во Европа. На штандови на 290 галерии од 34 земји беа претставени над 4000 уметници. Голем дел се продадоа за милионски суми, веднаш по отварањето.

Пат околу светот за 80 дена со Ербиенби

Кога Жил Верн ја објавил својата книга во 1873, патниците немале ни Букинг ни Каучсурфинг ни Гугл мапс. Сепак, подвигот на Финеас Фог да ја обиколи планетата и денес изгледа прилично амбициозен, освен ако некој не ти го организира така за ти само да се појавиш. Со полн џеб пари и пар визи.

Што е тоа „вистина“?

Kако се дефинира вистината? Уметници од Cause Collective решиле да тргнат по светот и да прашат колку што е можно повеќе луѓе.

Како истовремено да чуваш уметност во магацин, и да ја презентираш?

Шаулагер од надвор изгледа прилично мистериозно - нешто помеѓу огромен бункер и склад. Всушност станува збор за интересен концепт, кој дава сосема поинакво значење на музејскиот термин „депо“.

Ник Кејв испадна срцка (пак)

Блогот на Кејв станува одличен извор на приказни и комуникација на човекот со светот. Еве ја најновата.

Од Музејот на културите во Базел: мртовечки ковчег во форма на џип, eротски играчки и дрвени чудовишта

Собирањето предмети кои им припаѓаат на „егзотични“ култури и нивното изложување овозможува тие да се запознаат. Од друга страна, предметите се „киднапирани“ од својот природен контекст, не ја вршат својата функција, мртви се. Музејот на културите во Базел ги преиспитува основните претпоставки на институциите од ваков вид. 

Јутјуб го избриша „Триумф на волјата“ на Рифенштал

Наместо од него да се учи како функционира машинеријата на идеолошка манипулација, славниот пропаганден филм се брише заради некаков „говор на омраза“. Или некој е глуп, или навистина не сака да имаме увид во рецептот. 

Букбокс од лице место: На гости кај Ајнштајн во Берн

Без оглед дали во Музејот на Ајнштајн ќе одите како на научен аџилак, или само за да си купите маица со неговата слика со исплазен јазик, тука ќе дознаете многу повеќе отколку што сте очекувале. На пример дека човекот имал и кец во свидетелство, дека никогаш не носел чорапи и дека парите од Нобеловата ги вложил во станови кои потоа ги издавал. Мислете си вие дека физичарите се луди...

Животните приказни како медицински податок

Програма во која волонтери разговараат со американски воени ветерани и ги запишуваат нивните животни стории има за цел да ги запознае личностите зад пациентите.

Во Чернобил имало црн војник - и бил Русин

Помеѓу сите реакции по серијата, главно поради историските непрецизности, една предизвика посебен сеир. Во серијата немало расен диверзитет! Но иако Украина во 1980-тите реално не била гнездо на мултикултурализмот, излезе дека црн војник среде несреќата имало.

Посетител на музеј успеал да отвори мистериозен сеф

Турист, чија професија не се открива, ги погодил бројките на 900 килограми тешкиот сеф затворен со децении. 

Kога Крафтверк креирале свој калкулатор

Кога во 1981 година Крафтвер го снимиле осмиот студиски албум, го насловиле „Компјутерски свет“. Време кога повеќето луѓе од компјутери знаеле само за дигитрони. Ама и за нив имало песна на албумот.

Зошто лагите се општествено корисни?

Најпознат по одличните „Сапиенс“ и „Хомо Деус“, Харари најавува две нови книги, збирки есеи „Модерна етика во 77 аргументи“ и „Модерна филозофија во 133 аргументи“, кои ќе содржат есеи објавувани во Њујорк Тајмс. Еден од нив зборува за неопходноста од лаги за повисока цел - општествена кохезија. Вреди ли?

Со игла и конец се зашиваат вандализирани портрети на жртви од холокаустот

Што да се направи кога во една средина ќе се појават екстремистички групи кои се обидуваат да шират омраза? Да се земат работите во свои раце, и да се покаже дека не се сите исти. 

Чернобил: кој бил вистинскиот Валери Легасов?

Во последната, петта епизода од мини-серијата, главниот истражувач на причините за несреќата пред судот и поротата одржува примитивен пандан на Пауер поинт презентација, кој би требало да стане модел за предавање нуклеарна физика. Од неа конечно ни стана јасно што се случило таа кобна ноќ во 1986. Кој бил храбриот човек кој се осмелил да ја соопшти вистината?

Галеријата што изложи дело од 4.5 милиони долари во женски затвор

Ова е последната станица на една необична турнеја, на слика која некое време престојуваше во училиште, во библиотека и во докторска ординација.

Kaко слеп фотограф го гледа светот

Иан Трерне (Ian Treherne) ја поставува камерата со невидена прецизност. Блендата кликнува и тој чувствува дали е тоа фотографијата којашто ја сака. Иако е речиси целосно слеп, тој ги гледа работите што другите не ги гледаат.

Рекордни осум победници на натпреварот „Спелинг Би“

Наспроти интуитивната претпоставка дека денешните деца, бидејќи по цел ден седат на компјутер и не читаат, не би знаеле да си го спелуваат ни името, оваа година дури осум од нив ја поделија наградата во натпревар кој се оддржува од 1925.

„Товар 200“ (Русија, 2007)

Еден од оние филмови кои се истовремено ужасни и одлични. А ужасни се само затоа што е таква реалноста која ја прикажуваат.

Кога мексиканскиот претседател се обидел да го спаси Фројд

Што ќе се случело доколку Фројд ја прифател понудата за азил на Лазаро Карденас? Ќе се запознаел со Фрида Кало, со Троцки, и кој знае како сето ова би влијаело на историјата на психоанализата.