СССР во 1986 не изгледала како модерна Британија, па оттаму и не е за очекување дека во серијата би имало претставници од сите можни раси и етнички групи, само за да се задоволи политичката коректност кон „гледачкото тело“.
Но по реакциите на Твитер дека во „Чернобил“ можело да има повеќе „обоени луѓе“, Russia Today излезе со текст во кој се раскажува необичната приказна за Игор Анатољевич Кирјак, кој наводно бил црн „ликвидатор“, кој помагал во расчистувањето на теренот.
Кирјак бил жител на Череповец, град во регионот Вологда, 500 километри северно од Москва. Во 1985 тој заминал во војска, и во текот на служењето му се паднало да учествува во евакуацијата на цивилите погодени од настаните во Чернобил.
Тој бил дел од единицата 75110 на 210-тата инженерска бригада, која изградила понтонски мостови на 2 мај 1986 за да овозможи излегување од градот на цивилите од Припјат. И изгледа е уште жив, затоа што сајтот нашла негов профил на руската социјална мрежа ВКонтакте, каде имал постирано фотографии од служењето војска. Се уште има медал и благодарница за „своето служење на татковината“.
Денес изгледа дека води смирен живот, ловејќи и рибарејќи со синот, и учествувајќи како статист во филмови и театарски претстави, како дел од комичната трупа „Амстердам“. Нема податоци за неговото потекло, но тоа и не е важно. Битно дека ете, во некоја следна верзија на филм или серија за Чернобил може оправдано да ставаат и црн актер.