Роден е целосно глув и цел живот носи апаратче за слушање, но почнал да го губи видот како тинејџер. На 15 години сфатил дека не гледа како неговите пријатели. Докторот тогаш му ги соопштил лошите вести, дека тој постепено ќе ослепува поради ретко генетско нарушување наречено Ашер синдром.
Во следните децении, денес 41-годишниот Иан загубил 95% од својот вид, но тоа го чувал во тајност. Едноставно не сакал да се помири со идентитетот и изолираноста на слеп човек, особено откако ја загубил работата во печатарската фирма, кога доживеал нервен слом.
Огромна помош во излегувањето на крај со новата ситауција имало фотографирањето, кое му овозможило да се врати во светот и да се поврзе со луѓето. Иако признава дека му е неверојатно тешко да работи со она малку вид што му преостанало, тој не користи асистент, а црните позадини на фотографиите го симболизираат мракот кој ги обвиткува нештата кои тој ги гледа. Не само што веќе не сака да се крие, туку својот бел стап го има украсено со марами, што треба да симболизира дека креативноста е можна и со хендикеп.
Претходно: Приказната за првиот филм на светот режиран од слеп човек