I'm the operator
with my pocket calculator
Овие стихови во луп на многумина од нас ни се имаат врежано во детските мозоци. Песната, која го слави дигитронот како врвен технички изум, го користи и како инструмент. Станува збор за тогашниот Casio fx-501P, дигитрон со можност за програмирање музика.
Иако би се очекувало дека еден германски бенд би се држел до исти такви, германски брендови дигитрони, на почетокот на осумдесетите јапонските компании како Касио почнале да доминираат со пазарот на персонална електроника. Крафтверк дури снимиле и јапонска верзија на „Покет калкулејтор“, под наслов „Дентаку“, заедно со германска ("Taschenrechner"), француска ("Mini Calculateur") и италијанска варијанта ("Mini Calcolatore").
Крафтверк нарачал како, промотивен „геџет“, специјален калкулатор од Касио кој бил некој вид музички синтисајзер на кој можело да се свири песната. Подоцна оваа фирма стана синоним за едноставни и евтини синтисајзери, а првиот го исфрли на пазарот во 1979 под името VL-1.
Со калкулаторот на Крафтверк оделе и „нотни записи“, не само за овој хит, туку и за други нивни песни. Со оглед на тоа што наближува 40-годишнината од излегувањето на „Компјутерски свет“, можеби е време да се вратат калкулаторите на сцена.
(калкулаторот во видеото не е оној на Крафтвер, но е доволно блиску, особено до оние звуци од евтини кинески играчки кои ги побудалуваат родителите)