Го опишуваат како нешто што личело на мелница за бибер. Или на рачна граната. Лесно се носел во рака и всушност служел за пресметување. Но освен што е интересен како предмет, тој е врзан за уште поинтересна историја.
Кога во 1981 година Крафтвер го снимиле осмиот студиски албум, го насловиле „Компјутерски свет“. Време кога повеќето луѓе од компјутери знаеле само за дигитрони. Ама и за нив имало песна на албумот.