Bookbox

Фестивалот на креативен документарен филм Македокс оваа година ќе се одржи од 21-28 август на неколку локации. Меѓу 75-те филмови има еден кој навидум многу пати сте го гледале. Но и покрај препознатливиот формат, тој сепак успева да трогне и да допре, низ приказните на децата од едно училиште во Виена. 

Нова книга под наслов „Книжевниот клуб на ЦИА“ од долгогодишниот новинар на Гардијан, Чарли Инглиш, е возбудлива историја на тоа како агенцијата пренесувала забранети книги преку Железната завеса.

Кратка историја на маиците со слогани

Имаме фиоки полни маици – удобни, евтини и лесни за комбинирање. Но маицата одамна не е само „основно“ парче облека. Последните 70 години таа е средство за самоизразување, а денес, во 2025, маицата со натпис е како подвижен билборд за протестни и ангажирани пораки, макар биле напишани и со коректорски грешки.

Џабе совети, пак носиме одлуки сами

Меѓународно истражување спроведено во дванаесет земји покажало дека, при донесување сложени одлуки, луѓето насекаде во светот најчесто се потпираат на сопственото размислување, наместо да бараат совет од други. Ова важи и за поиндивидуалистичките, и за поколективистичките општества. 

Апокалипса: нова книга за прастара тема

Колку повеќе учиме за апокалипсите од минатото, толку повеќе надеж имаме дека ќе ја надминеме и нашата, онаа реалната или замислената. Тоа нема да биде пријатно, ниту праведно, но светот и нашите култури, заедници – па дури и нашиот вид – од неа ќе излезат променети. Ова го тврди авторка на нова книга на тема апокалипса.

Елизабета Конеска, етнолог: „Без емоции нема добар документарен филм“

Во етнолошките и визуелно антрополошките кругови нејзиното име е добро познато. Авторка е на десетина етнолошки филмови, а најновиот под наслов „Нејзиното семејство 2010-2019“ премиерно беше прикажан на овогодишниот Македокс.

Млеко од кобила и оговарања: како живеел Толстој додека ја пишувал „Ана Каренина“

На почетокот на 1870-тите, успехот на Толстој после објавувањето на „Војна и мир“ бил уште свеж. Тој бил свесен за високите очекувања од неговото следно дело. На него ќе потроши цели четири години, во тек на прилично турбулентен период од приватниот живот.

Која е најголемата мрза во светската книжевност?

Хипнос, античкиот бог на спиењето, по цел ден се излежува во подземјето. Том Соер можеби не е мрзлив но се снаоѓа други да му ја фарбат оградата. Бартлби од истоименото дело на Мелвил буквално умира од мрза. Ама еден спореден лик во „Пеколот“ на Данте е шампион.

Измислена полициска серија во која главна улога игра - Семјуел Бекет

Авангарден драматург, мрачен Нобеловец, поет и...опасен телевизиски детектив?

Скандалот со кинескиот дипломат кој (буквално) газеше врз луѓе

Пред некој ден светските медиуми пренесоа фотографија од пречек на кинески дипломат на Кирибати, островска држава во Тихиот океан. На неа тој гази врз луѓе кои се наредени легнати на стомак. Ова било традиционален начин на пречекување високи гости. Но не сите се согласија со ова толкување.

„Сите ќе умреме“ (Македонија, 2020)

Филм со ваков наслов не може никако да биде лош. Единствената дилема е - дали исказот содржан во него е закана, или ветување?

„Девет: роман во илустрирани приказни“ од Славимир Футро

Кога ми ја препорачаа, мојата прва реакција беше „ќе ја ѕирнам, ама не ќе да е за мене“. Причина - ми беше претставена како дебитантско дело на познат дизајнер, илустрирана проза со автобиографски примеси. Ми зазвучи како обид за шлепање слаб текст врз плеќите на добрата графика. My bad.

Ограбен музеј на нинџи во Токио

Полицијата била повикана откако крадците си заминале - целата акција им траела три минути, брзина на која и нинџа може да позавиди.

Човекот кој прв визуелизирал податоци поврзани со епидемии

„Нужноста е мајка на креативноста“, вели старата мудра изрека. Во раните 1830-ти колерата си го нашла патот до Лондон. А таму еден човек решил да стори нешто во врска со ширењето на епидемијата. Визуелизирајќи податоци.

Ликовните критичари до Рони Вуд: „Ај глеј си музиката“

Човекот си е рокенрол аристократија, и му се може. На пример да си го вгради ликот во Пикасовата „Герника“. Критичарите ич не се воодушевени, ама тој оваа недела отвара изложба со над 100 сликарски дела.

Проѕирните јавни тоалети во Јапонија

Во една од најпопуларните населби во Токио се појави нова атракција: тоалети кои додека влезете во нив се транспарентни. Кога има човек внатре стаклото се затемнува.

Рибата која кога се пари буквално се сплотува со својот партнер

Статијата е за риби. Ама па вие може да ја читате и поинаку.

Омилениот астролог на Хитлер

Се викал Карл Ернст Крафт, бил образован како за научник, но се занимавал со нешта кои денес ги сметаме за псевдо-наука. Во времето на подемот на национал-социјализмот тој имал специјален статус помеѓу бројните окултисти и „пророци“ кои работеле за режимот.

Како се викаат луѓето што одбиваат да носат маски?

„Антимаскери“, „одбиватели“, „маскомразители“? Еден подзаборавен збор во англискиот почнува да се појавува во новински статии за луѓето кои сметаат дека носењето заштита им ги загрозува човековите права.

И композиција од македонски автор ја крие низата на Фибоначи

Пред некое време пишувавме за тоа дека песната „Латералус“ на американскиот метал бенд Тул и во музичка и во јазична смисла ја следи логиката на броевите на Фибоначи. Но не знаевме дека има и македонски композитор кој бил инспириран од истото.

„Испеј ми песна“ (документарен, 2019)

Овогодинешното издание на Фестивалот на креативен документарен филм ќе се одржи од 19-26 август, со проекции во живо но и онлајн. Иако во овој контекст технологијата е позитивна придобивка, еден од филмовите на програмата укажува на страшните последици кои таа ги има по начинот на живот на културите за кои е (можеби) подобро да останат изолирани.

„Етнологот како писател:писателот како етнолог“ - зборник студентски дела

Сантјаго во „Старецот и морето“ на Хемингвеј е кубански рибар, кој цели три дена се бори со голема риба на отворено море. Нивниот дуел стана антологиски книжевен симбол на човечкиот нагон за преживување и соочување со животните премрежја.

***
Баба Нада е првата рибарка од Охрид. Цел живот влечела мрежи низ езерото, ловејќи белвици, пастрмки, крапови. Изгледала три деца, рано останувајќи вдовица. Никогаш не научила да плива, оти ѝ било срам да се слече по кошула.

Ник Кејв: „Културата на бојкот е погубна“

Кога некој бојкотира идеја, човек, производ, ама со пренемагање, тогаш подобриот термин би бил „бојкоташење“. Е за тоа Кејв вели дека всушност претставува бегање од соочување со комплицирани идеи. А реалноста има една незгодна особина - колку повеќе ја бојкотираш, толку повеќе ти укажува на своето постоење.

Запознајте го библиотекарот Лери

Никому нема да му се срони бисерот ако со малку хумор и младешки ентузијазам се промовира читањето и библиотеките. Како што тоа го прави овој лик од Тексас.

Колосални објекти кои никогаш не биле изградени

Биле замислени во време на верба во технологијата како средство за подобрување на животот и културен натпревар меѓу народите. Откачени, храбри, скапи, тие останале на хартија, да сведочат за човечкиот полет и амбиција. 

Што е тоа „психоакустика“ (и каква врска има со автомобилски врати)?

Се занимава со научно проучување на перцепцијата на звукот - како луѓето реагираат на врева, говор, музика. Но и на поспецифични аудио дразби, како на пример начинот на кој звучи одреден производ. Психоакустиката притоа продава и - коли.

Заедничкото пиење е лукав тест на доверба?

На кафе можеш да седнеш со кого и да е. Но не е сеедно со кого си на софра на жестока пијанка. Второто може да биде и некој вид тест - во кој правец ќе тргне работата ако сите го спуштиме оружјето на когнитивната контрола?