Низата на Фибоначи била создадена од Леонардо од Пиза, подоцна познат како Фибоначи, математичар од тринаесетиот век. Во неа броевите се редат на тој начин што збирот на два претходни броеви ја дава вредноста на следниот. Таа почнува со 0, 1, па следат 1, 2, 3, 5, 8, 13, 21, 34, 55, 89, 144 итн. Иако ваква низа била опишана и претходно во индиската математика во дела на Ахарија Пингала, кој ја довел во врска со санскритската поетска традиција, Фибоначи бил оној кој ја вовел во западно-европската наука.
Низата се појавува во природата (разгранување на дрво, распоред на листови или цветови и сл.), но и во уметничките форми кои ја „имитираат“ истата. Во нив овој принцип често е симболично претставен преку тн. „спирала на Фибоначи“ која е визуелизација на гореспоменатиот принцип, составена од кружни лакови впишани во квадрати со страни еднакви на броевите на Фибоначи (види слика горе).
Oној што бара спирали насекаде, најчесто и ги наоѓа. Но тие понекогаш се затскриени, па некој треба да ви ги отвори очите (во случајов ушите) дека се крие во некое музичко дело. Ни помалку ни повеќе туку во песната „Латералус“ на американскиот прогресив-метал бенд Тул. Песната е трет сингл и насловна на нивниот трет студиски албум под истото име oд 2001.
Она што е карактеристично е што во неа тактот се менува од 9/8 во 8/8 а потоа во 7/8. Ова дава 9-8-7, број кој е 16ти во низата на Фибоначи. Освен тоа, слоговите кои ги пее Мајнјард Џејмс Кинан, вокалот на групата, кој е нивен автор, ја следи логиката на низата, но со „твист“, со тоа што по одредено „растење“ се случува привремено назадување:
black [1]
then [1]
white are [2]
all I see [3]
in my infancy [5]
red and yellow then came to be [8]
reaching out to me [5]
lets me see [3]
there is [2]
so [1]
much [1]
more and [2]
beckons me [3]
to look through to these [5]
infinite possibilities [8]
as below so above and beyond I imagine [13]
drawn outside the lines of reason [8]
push the envelope [5]
watch it bend [3]
Всушност целата песна е игра со различни комбинации на броеви (во случајов на слогови) кои се среќаваат во низата на Фибоначи. Пораката, според авторот на песната, е тоа дека луѓето би требало да живеат исто на начин на кој би еволуирале, исто како и низата, бесконечно напредувајќи, без оглед на тоа што во одредени моменти би можело да се случат падови и назадувања.
Секако, ова дур се слуша песната не може да се претпостави. Ама сега кога веќе го знаеме, одма е друго.
Дополнување - 6-минутно интервју со Кинан на темата (над милион и триста илјади прегледи)