Случајно слушната на радио, новата песна на Ласт експедишн ептен нè израдува. Прво, затоа што е одлична, весела, чешит, сè што не е нашето секојдневие. Второ, затоа што во неа го слушнавме името на човекот на чија животна приказна се однесува нашиот нов аудио подкаст „Обични луѓе“, Шерафедин Керим-Чекуш:
„Со пари ние тенки сме/можда Чекуш ќе нè прибере“
Го контактиравме бендот и излезе дека овој нивниот е рокенрол лик од Пештани со истиот прекар, можеби добиен како асоцијација на „оригиналот“. Како и да е - голот важи. Ем супер песна, ем „чекушовидение“.
А сега, правец на море!