Интернет деновиве масовно споделува видео од крајно ентузијастичен библиотекар од јавна библиотека која го носи името на Барбара Буш, во Харис Каунти, Тексас. Тој не штеди ни глас ни стас за да си ја испромовира професијата и библиотечното депо, кое им стои на располагање на граѓаните. Tие можат да си ја подигнат книгата или филмот од означено место на тротоарот пред библиотеката - Лери ќе ги дочека и ќе им го даде она што им треба.
„Имаме полици и полици книги, блу-реј и ДВД-иња, и сè што сакаме е да ви помогнеме со читањето, истражувањето и забавата. Трошок? Само три мали уплати од нула-нула-нула долари! Лудо е колку добивате за без пари.“
Curbside Larry, или Лери од тротоарот, е алтер-его на библиотекарот Џон Шафер, кој успева да го скине стилот на рекламите од „Бетер кол Сол“ и сличните на нив.
Кај нас во јуни протестиравме во врска со фактот дека библиотеките беа затворени од април. Кратко време потоа (не, не викаме поради нас) се отворија. Но не дека некој би се осудил да сними вакво видео. А зошто па да не?