Иако германските синдикати не ги „држат“ пилотите, нивни се луѓето задолжени на обезбедување или за багаж, чија непослушност на работа е доволна за блокирање на работата на аеродромите во Франкфурт и Минхен, што пак најверојатно ќе доведе до нарушување на авионскиот превоз низ цела Европа.
„Ваквото пореметување и е цел на штрајкот. Имено се настојува да се зголеми притисокот на работодавецот, односно државата, да се согласи на прогресивен раст на платите, посебно имајќи го предвид буџетскиот вишок што државата го остварува последниве години, а кој не беше нешто посебно почувствуван во новчаниците на работниците во јавни служби.
Управите на компаниите чии вработени влегоа во штрајк, веќе се впуштија во прозивање на штрајкувачите обвинувајќи ги дека водат борба преку ’грбот на патниците и корисниците.’
Меѓутоа токму владата е таа, која во очи на новиот круг преговори за колективен договор, одби да презентира реалистичен план кој ќе го почитува фактот дека работниците не се доволно платени,“ се објаснува во текстот на Билтен.
Друг аргумент на синдикатите е дека платите во јавните служби растеле значително побавно отколку во индустријата. Овие вторите по штрајкот во февруари успеаа да се изборат за раст на платите од 4,3%, плус право во период од две години да работат само 28 часа неделно, без тоа да им влијае на стажот, и да добиваат додаток од 200 евра месечно за да се посветат на грижа на децата и старите.
Тогаш синдикатите овие барања ги претставија како „флексибилност за работниците“ наместо флексибилност во корист исклучиво на капиталот.
„Германскиот стандард, кон кој тежи најголемиот дел од работниците на земјите од периферијата, изграден е меѓу другото и на добрата организација на работничкото движење и на вакви успешни акции.
Тоа е лекција која често се заборава во земјите каде на работниците им се труби дека само ниските плати, неплатената прекувремена работа и никакво ниво на заштита ќе доведат до благосостојба,“ се порачува во текстот.