Таиби, некогаш најпопуларното перо на магазинот Ролинг Стоун (кој во меѓувреме стана очајно нечитлив), решил на замолчени Руси да им помогне да се слушне и нивниот глас па на Сабстак отвориле нивен канал, притоа помагајќи им околу преводот и средувањато на текстовите.
Еден од првите кои дошле на Сабстак е марксистичкиот теоретичар Борис Кагарлитски, познат лик во Москва, кој има пишувано за англискиот Москва Тајмс, уредник на легендарниот опозиционен весник Новаја Газета и пишуваше на сајтот RABKOR.ru. Со властите во Кремљ одамна се има замерено бидејќи уште во 2012 дома му упаднаа полицајци.
Неговиот прв текст за новиот канал „Руско несогласување“ има наслов „Блицкригот пропадна. Што е следно“ и таму вели:
Постојат само две опции за да се излезе од сегашната ситуација: да се преговара или да се предизвика нуклеарна апокалипса. Иако дел од човештвото има шанси за опстанок, повеќето Руси немаат. Не смееме да се залажуваме со рајот... прво следува пекол.
Авантурата пропадна. Колку порано тоа се признае, толку помала ќе биде цената. Продолжувањето на конфликтот само ќе ја зголемува штетата. Задржувањето власт во вакво лудило не е патриотизам, туку национално предавство.
Таиби им посакува на американските читатели да не бидат збунети кога ќе сфатат дека и најлутите руски противници на војната, не се ама ич склони кон запад и нивните срања. Не џабе американската политика одамна има заклучено дека Русите се подрагоцени како непријатели отколку како пријатели.
Ала Глинчикова напиша дека САД никогаш не посакуваа крај на Студената војна, иако таа заврши со нивна победа.
„И сега што ќе се прави со сите оние Советолози, со сите оние Центри за изучување на Непријателот, со експертите за руска култура и јазик? Зошто уште има толку многу оружје? И најважно, како можат европските сојузници да застануваат зад САД, ако СССР се распаѓа а Русија станува демократија со отворен пазар?“
По еден краток период од конфузија, корупција и хранење од остатоците од она што остана од СССР, една идеја беше извадена од правливата торба на „цивилизациски теории“ за да се оправдаат идните конфликти на конто на „непомирливи разлики“ меѓу цивилизациските вредности. Од една друга, не помалку правлива торба, беше извлечен неолиберализмот како главен услов за демократизација и модернизација...“
Каналот „Руското несогласување“ е овде.