Здравје

Википедија не е матичен лекар

По педнатна проверка на медицински статии во најпознатата светска веб енциклопедија, научниците предупредуваат таа внимателно да се користи бидејќи содржи куп грешки поврзани со здравјето. 

Како звучи звукот во светот на тишината

Благодарение на пациент кој го изгубил слухот на двете уши и добил импланти, но подоцна на едното уво му се вратил природниот слух, за првпат може да се дознае и спореди што тие луѓе навистина слушаат.

Темната страна на кокосот

Тој што е за јадење и пиење е ок, ама оној што ви мириса кога сте на полна плажа, не баш.

Кусогледоста и животот во затворено

На страна метафорите, медицински, кусогледоста е проблем што во некоја форма го имаат околу 1,6 милијарди луѓе (секој четврти) во светот. Со вакво темпо, до 2020-та ова ќе порасне до една третина од популацијата. Главна причина - се повеќе луѓе одат на училиште.

Пукате од здравје

Гасовите во стомакот и нивното последователно испуштање се знак дека микробите во вашите црева упорно работат и успешно го одржуваат нивното здравје.

Алиша Силверстон сака да ја послушате за вакцините

Таа е доволно позната па не мора посебно да се претставува. Но, зошто НЕА би ја слушале за една важна тема каква што се вакцините? Игзектли.

Препишана смрт

Во Америка постои само една работа која е поопасна од дрогите и која убива повеќе луѓе од хероинот и кокаинот заедно - лековите на рецепт.

Како за свинскиот грип испаднавме овци

Се сеќавате ли на масовните хистерии од пред неколку години дека ќе испоцркаме од свински тоест птичји грип? Се сеќавате ли како најважното глобално прашање тогаш беше која држава колку резерви од спасоносниот лек Тамифлу набавила? По 4 години клинички тестирања, утврдено е дека лекот е гола вода.

Драги родители, некој ве лаже

Џенифер Раф работи на постдокторат на Универзитетот на Тексас, а до сега има два докторати еден за генетика и еден за антропологија. Заради неодамнешното појавување на голем број сипаници и други болести што се спречуваат со вакцинирање, и одбивањето на поборниците против вакцинирањето да го признаат проблемот, таа решава да напише едно писмо.

Сиромаштијата ви ја менува ДНК-та

Тешкото детство, на тема пари, не само што прави побрзо да созреете, туку и директно влијае на ДНК-а и го забрзува процесот на стареење.

Дрогирањето на американското дете

Додека да стигнат до средно училиште околу 20% од американските момчиња ќе бидат дијагностицирани дека се хиперактивни деца со пореметување на вниманието (ADHD). Проблемот е што најголемиот број од овие дијагнози се погрешни, и најголемиот дел од овие момчиња завршуваат со лекови лекови само затоа што се однесуваат како момчиња.

Разговори на доктор со родител кој има проблеми со вакцинација

По социјалните мрежи се одвива вистинска епидемија од полемики за и против вакцините. Огромен дел од тоа тежок булшит: невистини, полувистини, легенди, генерална затуцаност или милитаристичка доктринарност, рововски битки без осет за детали.... како што е и секогаш случај во "стручни" полемики на такви места. За среќа, медицинските одлуки сè уште не се донесуваат според тоа кој став колку лајкови имал. Одиме посмирено на оваа тема. 

Уставен суд на Хрватска: Мора да ги вакцинирате децата

Одлуката на хрватскиот суд се базира на аргументот дека правото на детето на здравје, е поголемо од правото на родителот на (погрешен) избор, пишува Вечерњи Лист.

Зошто шупците се поздрави од другите?

Шупци овде ги викаме оние што постојано си ја поганат устата, оние кои везден оговараат и оние кои нонстоп кенкаат и кукаат како нив им е тешко (оти на нас не ни е), каков станал народот (оти не го знаеме тоа) и дека вака никогаш не било (аха, да). Тие и такви се поздрави од сите други. 

Женски мозок, машки мозок, исто е

Во декември излезе студија која го објасни владеењето со различни вештини кај мажите и жените, со различниот начин на кој е поставено функционирањето на нивниот мозок. За студијата е карактеристично што ги има истите фалинки во методологијата како и сите претходни студии на оваа тема.

Зошто богатите жени не се дебелеат

Во многу земји во светот (вклучително и во Африка), дебелина станува поголем проблем од гладот. Кога ќе се стави националната тежина во некои демографски колони, се добиваат чудни мостри. Овојпат, за тоа како парите обратно делуваат кај мажите и кај жените.

Исто ви се фаќа со какви патики трчате

Без разлика дали трчаш со меки патики удобни како да си врзал перничиња на стапалата, или трчаш со тврди патики со крут меѓуѓон, на крај исто ти се фаќа, ризикот од повреда е ист.

Анти-вакцинацијата ги врати сипаниците во Њујорк

На почетокот од веков сипаниците се сметаат за елиминирани во САД. Сега благодарејќи на брилијантни умови (од типот на Џејни МекКарти) кои во 21. век оспоруваат вакцинација, сипаниците повторно живнаа.

Забораваме за да не полудиме

Ингрид Бергман велеше дека среќата е составена од добро здравје и лоша меморија. Науката потврдува за последново, дознавајќи дека мозокот активно работи на тоа да заборави некои работи.

Психологија на зависноста од трчање

Текстот и целата дилема околу зависноста од трчање го пишува професор од Универзитетот на Тексас, кој пред 30 години почнува редовно да трча по 5 километри на ден, за денес да му требаат дневно да претрча 16 километри за да се чувствува како да вежбал.

Зошто не можеш да чуваш тајни?

Чувањето тајна бара постојан труд и напор за таа да остане сочувана. Наспроти тоа, издавањето тајна е само еден краток чин кој инстантно ја завршува работата.

Како паразитите нè манипулираат?

Малите гадови не само што знаат непоканети да се инфилтрираат како кираџии во нечиј организам туку умеат и суптилно да го насочуваат однесувањето на домаќинот во своја полза.

Извинете, ама не постои зависност од порно

Научници седнуваат да го анализираат "моделот на зависност од порнографија." Стануваат едногласни - нема научно истражување кое ќе покаже дека човек може да биде зависен од порно.

Мамограмите не вршат работа

Една од најобемните студии на темата, во која учествуваа 90.000 жени и која траеше 25 години, сериозно се сомнева во вредноста на мамографијата кај жените на која било возраст. Комплетната студија е објавена во Британскиот медицински журнал, а ја пренесува Њујорк Тајмс.