"Да бидеме на чисто, има два типа на детоксификација: едниот е почитуван, другиот не е. Почитуваниот е медицинскиот третман за луѓето кои имаат опасна по живот зависност од дрога. Другиот е збор кој е киднапиран од бизнисмени, бапски лекари и шарлатани за да продаваат лажни третмани кои наводно го детоксификуваат вашето тело од токсините кои сте ги акумулирале," објаснува професорот по комплементарна медицина на Ексетер Универзитетот, Едзард Ернст.
Според него ако токсините се наталожат на начин на кој вашето тело не може да ги исфрли, тогаш најверојатно ќе бидеш мртов, а во најдобар случај ќе ти треба сериозна медицинска интервенција, "здравото тело има бубрези, црн дроб, кожа, па дури и бели дробови кои не' детоксифираат додека зборуваме. Не постои начин - посебно не преку третмани за детоксификација - кои можат да направат нешто што работи перфектно добро во здраво тело да работи уште подобро."
Најголем дел од продажбата на производи за детоксификација кружи околу "токсините" во и околу нашето тело, меѓутоа никој не ги кажува точно кои се овие токсини. Во 2009-та мрежа на научници собрана од добротворната организација Sense about Science, контактира производители на 15 производи за детоксификација кои се продаваат во аптеки и супермаркети низ Британија. Кога научниците побарале докази за тврдењата што ги даваат производителите, никој од нив не успеал да дефинира што точно мисли под "детоксификација," а не па да наведе некој од токсините.
"Полиците на продавниците за здрава храна се преполни со производи кои го носат зборот 'детоксификација' - што е маркетинг еквивалент на цртање тркачки ленти на вашиот автомобил," пишува во анализата на Гардијан, кој објаснува дека иако по 7 дена детоксификација ти ќе ослабеш, тоа нема никаква врска со токсините, бидејќи ти само си се прегладнел цела недела.
Посебно место во книгата на најголемите измами има "чистењето на дебелото црево," во кое сосема разумен човек убедуваш дека со ставување црево во задникот му чистиш посебен вид на токсини кои инаку ниту еден доктор ги нема видено, ниту знае дека постојат.