Како што анорексијата е страв да не бидеш дебел, орторексијата е поттикната од страв да храната да не му штети на здравјето. Првото се фокусира на квантитетот, второто на квалитетот.
"Во вакви драконски диети може да има недостаток на основни хранливи материи, заради што витамините и минералите што човек ги добива од своите оброци составени исклучиво, да речеме, од лисести растенија, невозможни за апсорбирање од страна на организмот. Ова може да доведе до кршливи коски, хормонални пореметувања, срцеви проблеми, како и психолошки стрес и нефлексибилност. Со други зборови, спротивен ефект од оној што требало да се постигне," пишува Џен Шварц за Популар Сајанс.
Таа објаснува дека се повеќе луѓе драматично ја менуваат својата исхрана, за да бидат што е можно поздрави, "притоа отстранувајќи половина од категориите во пирамидата на исхраната." Иако никој нема забелешки на промовирањето здрава исхрана, проблемите почнуваат кога начинот на подготвување на храна се тера до екстремност, "и се развива магично размислување за тоа што се' можат да постигнат одредени видови храна."
Последица на сето ова е што сега голем број луѓе почнуваат сами да си дијагностицираат проблеми, како нетолерантност на глутен, базирано на сите можни текстови што ги нашле на интернет.
"За мнозинството, решението за исхраната е во балансот. Некогаш си на забава и таму има помфрит. Твоето тело стварно може да се справи со овој оброк," објаснува портпаролката на Националната асоцијација за пореметување во јадењето, Сондра Кронберг.