Нема "лични верувања" кога се работи за општо добро

Откако над 100 луѓе во државата им се заразија од сипаници, законодавците во Калифорнија најавија дека ќе почнат да работат на закон кој ќе го исклучи правото на родителите да не ги вакцинираат своите деца врз основа на "лични верувања."

Најголемиот дел од случаите се верува дека се заразени од инфициран човек од надвор од САД, кој во декември бил во посета на Дизниленд. Уште дузина други случаи се регистрирани во 19 американски сојузни држави и во Мексико.

Доколку се донесе законот Калифорнија ќе биде 33-та сојузна држава која ќе ја укине можноста за не вакцинирање заради "лични верувања."

Сипаниците беа прогласени за елиминирани во САД во 2000-та, по повеќе децении интензивно вакцинирање на децата. Меѓутоа, мината година САД го имаа најголемиот број на заразени во последните две децении.

6 февруари 2015 - 10:16