Здравје

Зошто (мнозинството) фитнес програми се измама

Поранешен член на Националната асоцијација за сила и кондиција, и човекот кој си заминува од КросФит (компанијата) откако за нив развива програма за вежбање со шипка, објаснува - се е тоа гола вода.

Како да НЕ фатите ебола?

Не дека во нашава животна околина нема многу пореални опасности од кои еден ден ќе загинеме загинете, глобалната паника од еболата влезе и кај нас па оние најуплашените веќе замислуваат како ќе се редат мртви тела по Партизанска. Пар совети за тоа како да се заштити човек. 

Ебола со утеха

Последната фуфка се вика ебола. Ако луѓе кои живеат на одвратен скопски воздух и се хранат во сендвичари кои кило виршли набавуваат за 90 денари ги фати паника дека ќе умрат баш од ебола, тогаш најверојатно ќе умрат од глупост.

Верувајте му на својот нос

Ако сте го изгубиле сетилото за мирис, добро-лошата вест гласи: ќе поживеете, уште едно 5 години. Околу вас се пет клучни мириси на кои можете да се тестирате.

Кој македонски министер ќе го прифати овој челинџ?

Лесно беше познати фаци да се полеваат со вода. За да ја подигне свесноста за еден сериозен здравствен проблем, еден Американец дал отказ од работа за да направи нешто за кое требаат муда.

Тутунар во електронска кожа

Ако не му верувате на доктор за никотинот, тогаш барем треба да им верувате на луѓе што прават цигари, а според нив - никотин е никотин, без разлика дали е од тутун или од пареа.

Ако пиете 4.000 пива на ден ќе станете попаметни

Не џабе викаат дека сè е во мерката.

Должиш фитнес!

Допрва ќе се договараме дали ова е придобивка или зијан, ама научниците заклучија дека одењето на фитнес те "отвора" за пиење.

Колку литиум има македонската вода?

Ако се погледнат сите оние тажни луѓе со кои секојдневно се разминуваме, малку.

Кој после ова нема да се измери?

Метрото во раце и пресметајте дали и кога дебелината ќе ве убие. Формулата е едноставна: струкот треба да ви изнесува половина од вашата висина.

Проблемот со листеријата

Бактеријата во изминатите неколку години предизвика илјадници инфекции, кои имаа алармантна смртност од околу 21% (претежно кај возрасните). Таа може да преживее во голем број околини, вклучувајќи и ниски температури, киселинска околина и многу сол. Се на се ова е една од најважните болести кои се пренесуваат преку храна.

Мајка на годината

Дебатата околу испраќање деца и тинејџерки на избори за Мис ќе ја оставиме за луѓе со подлабоки познавања од родителска психологија и остварување сопствени амбиции преку детето, сега би ја започнале дебатата за давање пантличара на ќерка ти за да ослабе.

Богатите вежбаат, сиромашните пијат апчиња

Проблемите со пари создаваат проблеми во планирањето на време за вежбање и здрави оброци. Овој проблем се решава со неефикасни стратегии за слабеење, кои на крај не решаваат ништо.

А ова е вашиот мозок на риба

Она што треба да го знаете за јадењето риба е дека "се важи" само ако таа е печена или подготвувана на скара, ако ја пржите се губи целиот ќар од неа.

Интервју со човек кој преживеал ебола

Заебана болештина е тоа. Почнува како обична треска за по неколку дена да прерасне во кататонички грчеви а пациентот крвари од очите и ректумот. Вирусот убива преку 90 проценти од заразените. Пар зборови со еден од оние кои куртулиле.

Ебола, сè што треба да знаете

Избувнувањето на болеста започна во март со неколку идентификувани случаи во Гвинеја. Од тогаш до денес бројот е пораснат на 909 потврдени случаи и дополнителни 414 веројатни и сомнителни случаи во Гвинеја, Сиера Леоне, Либерија и Нигерија.

Отарасете се од луѓето што цело време кенкаат

Присуството на луѓе кои постојано се жалат за нешто се штетни за вашиот мозок на повеќе начини, и во основа нивната константна негативниот го забавува функционирањето на вашиот мозок.

Аргументот против хлорирањето вода

Прочистувањето на водата со хлор се смета за една најдобрите идеи на 20-от век на тема јавно здравје. Со тоа што ги уништува колерата и стомачната треска, се проценува дека оваа пракса во изминатите 100 години го продолжува животниот век за 50%. На сето ова, сепак има еден проблем со него - премногу е ефикасен.

Што да правиш со нервоза?

Дилемата е дали треба целата нервоза да ја потиснуваш во себе? Не. Тогаш, значи треба да ја истуриш својата нервоза? И тоа не. Работата е комплицирана, ама во основа треба да мешаш.

Релативна опасност

Еден од четворица страсни и долгогодишни пушачи со голема сигурност ќе заболи од сериозна болест на белите дробови, е загрижувачката порака од едно данско истражување. Хеј, не цвикајте одма! Во наш превод, веста изгледа вака: од четворица пушачи, на тројца нема да им биде ништо.

Прашањето од кое зависи здравјето на жената

Планирате ли да имате дете следната година?

Студентот по медицина што сака да го сруши др. Оз

Шоуто на др. Мехмет Оз има публика од 4 милиони гледачи на ден. Обичен доктор во целата своја кариера прегледува далеку помалку од милион пациенти. "Затоа организираната медицина мора да преземеме мерки."

Парадоксот на правото да одбиеш вакцина

Децата имигранти од Централна Америка што на диво пристигнуваат во Тексас е поверојатно да бидат подобро вакцинирани, отколку децата родени и израснати во Тексас.

Тајното потекло на семоќниот стрес

Денес стресот е главниот виновник за сите бељи кои недоволно ги разбираме или пак за кои ни треба алиби: од дебелеење до пад на имунитетот. А ако се трага по корените на неговиот волшебен статус и кај народот и во медицината (- Сè е до стресот. - Е, баш ви фала докторе), се доаѓа до еден покрив во Канада.