Здравје

Холандија ќе тера до 6-та доза вакцина

Министерот за здравство на Холандија најави дека земјата би можела да почне да се подготвува за дополнителни три бустер вакцини против ковид на постојните 2+1.

Омикрон „не е истата болест“ како првичниот ковид

Иако бројот на хоспитализации е зголемен, високите смртни стапки од ковид во Британија „сега се историја“ а самата болест „е далеку помалку сериозна и многу луѓе релативно малку време се во болница“, изјавил водечкиот британски имунолог, сер Џон Бел.

Не си ти папучар, има и бетер од тебе

Мажи низ Америка по сопствена волја и свесно, без никој тоа да го побара од нив, прават вазектомии како „знак на љубов“ кон своите сакани.

Стоп за докторското вагање дебели пациенти

Виралната залуденост на дебелите дека проблемот не е во нив туку во сите околу нив, надмина нова рецка откако активисти за дебелите почнаа да бараат доктори да престанат да ги тераат дебелите да се качат на вага затоа што тоа било премногу стресно за нив.

Ковид рестрикциите базирани на килави податоци

Највисоките британски здравствени советници се обвинети дека промовирале „сомнителни податоци“ кои претеруваат околу ризикот од омикрон варијантата.

Омикрон е почеток на крајот

Без разлика колку ќе биде сурова новата варијанта, апетитот за ставање на населението во карантин и други масовни општествени интервенции едноставно веќе не постои.

Франција ја откажа нарачката од Мерк, затоа што не им го бива лекот против ковид

Капсулата на Мерк имала слаби резултати на тестовите па Франција се откажува од набавка на терапијата, и сега се крстат во решението на Фајзер, чии први резултати треба да бидат готови кон крајот на јануари.

Омикрон, млако

Со намалена хоспитализација од 30 до 70 проценти, бранот на омикрон излезе дека е далеку помлак од претходните варијанти и од тоа што се стравуваше.

Еден човек закачи корона, па Кина стави под клуч 200.000 негови соседи

Како одговор на еден случај на ковид-19 кинеските власти комплетно затвораат и блокираат град од 200.000 луѓе, забранувајќи каков било влез на производи и луѓе.

Американската армија извади вакцина против секаков ковид

Вакцината треба да е ефикасна против сите сегашни и идни видови на ковид-19 (нормално и омикрон), како и против претходните верзии на САРС вирусот.

3 дози вакцина не се доволни за спречување на омикрон варијантата

Предупредувањето доаѓа од човекот што ја создаде водечката глобална вакцина на Фајзер/Бионтек, Угур Сахин, според кого постојните вакцини нема да бидат доволни за спречување на ширењето на пандемијата.

Пред да ги вакцинирате децата

Ако веќе не сте медиумски имунизирани од заразување со мислења кои се разликуваат од вашето, читнете/чујте што за оваа тема има да каже доктор Роберт Малоун, човекот кој ја има измислено мРНК технологијата на која се темелат повеќето актуелни ковид вакцини. Ако треба дополнително да се декларира неговото „вјерују“, вакциниран е.

Омикрон мава по дишните патишта

Се чини дека најновата варијантна на коронавирусот од која стрепи светот повеќе удира на дишните патишта отколку на белите дробови и можеби затоа не предизвикува жестоки форми на болеста. Но, ако оригиналниот вирус и нашите клетки се ракуваа, со овој се држат како вљубен пар. 

Омикрон бранот е од „млада, здрава и вакцинирана“ популација.

Податоците од Данска покажуваат дека над 70% од случаите на омикрон се меѓу лицата на возраст под 40 години.

Прележан ковид е речиси како панцир од пандемијата

Пациентите што биле заразени од ковид и имале антитела по неговото прележување имаат драматично ниски шанси од повторно заразување од вирусот, заклучува студија објавена во Лансет.

Ран третман на ковид, што беше тоа?

Не беше ништо бидејќи и не постои, тоест ниедна земја нема организиран систем и официјален протокол за ран третман на оваа болештина, иако тоа како пристап се препорачува за сите други болести на светот. Ставете си алуминиумска фолија на глава, имаме неколку видео парчиња на таа тема.

Колку вакциниран си доволно вакциниран за дружење?

Ако пролетва се знаело што точно значи кога некој ќе ти каже дека е целосно вакциниран, зимава веќе ништо не е јасно, пишува Џо Пинскер во Атлантик во текст во кој го воведува терминот - небустирани.

За омикрон од две Фајзер крена на три задолжителни дози вакцина

Наместо досегашните две плус бустер вакцина, лабораториски тестови на Фајзер покажале дека за заштита од омикрон варијантата задолжително се потребни три дози од вакцината.

Две години со ковид-19, и светот и ние

Пред две години во Вухан се појави првиот пациент кој имаше симптоми од кои подоцна ќе стрепи. Досега починаа пет милиони луѓе а над половината од светското население има примено барем една доза. Додека очекуваме инфо за најновата перјаница на коронавирусот, мала ретроспектива на овие две години, во светот и кај нас. 

Катастрофата што демне зад ковид

Заради комплетната фокусираност на британскиот здравствен систем (НХС) на пандемијата, се проценува дека здравството не прегледало 740.000 потенцијални случаи на рак кои итно требало да бидат прегледани, „што е најголемата канцер катастрофа што некогаш го зафатило НХС“.

Невакциниран не можеш ни да умреш

Во Германија еутаназијата е легална и во некоја од клиниките може да ти асистираат во последната желба. Но, во иднина таму нема да се примаат клиенти кои сакаат да си го скратат животот, а се невакцинирани од ковид.

Омикрон може да ни заврши голема работа

Остајте ги локалните паничари кои побрзаа да се нацртаат по телевизии за бомбастично да ја запрашат јавноста со можноста омикрон да е 500 пати позаразна варијанта од досегашните. Оние што малку потемелно се бават со проблемот, порачуваат дека самата заразност може да биде лоша но и многу добра вест.  

Вечна пандемија е вистинскиот криминал на Бил Гејтс и фармацевтската индустрија

Делта која со месеци го коси светот потекнува од Индија. Нејзиниот наследник омикрон потекнува од Боцвана и Јужна Африка. Индија и Јужна Африка повеќе од една година молат за ослободување на патентите на вакцините за да  произведуваат генеричка верзија. Бил Гејтс, фармацевтите и Западот  една година не дозволуваат.

Не е задолжително да се вакцинираш, задолжително е да платиш казна за невакцинирање

Од плановите за стимул за примање вакцина против ковид-19 сега се премина на планови за плаќање глоба се додека не се вакцинираш.