Сè повеќе инфаркти меѓу млади и супер фит луѓе

Инфарктите некогаш се врзуваа со возраста, но сè помалку е тоа така. Во 2019 година приближно 0,3 проценти од Американците од 18 до 44 години имале срцев удар. Лани тоа се зголемило на 0,5 проценти, или еден на 200. Тоа личи на ниска бројка, но претставува зголемување од дури 66% за само четири години. А тоа за лекарите е „алармантно“.

Истата статистика вели дека секој петти пациент со срцев удар денес е помлад од 40 години.

Се оперира со голем број фактори -  дебелина, седечки начин на живот, лоша исхрана.... Но, тајмингот на овој пораст сугерира дека и ковид пандемијата одиграла улога.

Самиот вирус предизвикува широко распространето воспаление во телото што може да го оштети срцето или да доведе до згрутчување на крвта. Депресијата, анксиозноста и стресот исто така се зголемија кај младите за време на заклучувањето - и сите три се поврзани со срцевi ударi.

За време на раната фаза на пандемијата имаше милиони пропуштени одења на лекар што значи дека некои ситуации и предупредувачки сигнали минале незабележано.

Но, тајмингот е премногу видлив за да се препише на чиста случајност. Улогата на вирусот но и на вакцините во зголемениот број срцеви удари допвра треба да биде истражена.

 

5 октомври 2024 - 12:41