Едната е Ну, втората е Кси. Едната ја прескокнаа за народ од англиско говорно подрачје да не се буни во секојдневна употреба, втората ја прескокнаа за народ од цел свет дополнително да не го поврзува вирусот од Кина.
Брзо се штанцаат хорор вести околу новата варијанта на коронавирусот. Во паника луѓе лесно се заразуваат со бомбастични бројки (омикрон бил 500 пати позаразен, се пренесува вест од виенски институт: а со колку тоа примероци омикрон располага еден виенски институт?), но вистината е дека во овој момент многу малку се знае за вирусот и за тоа како тој ќе ги развива своите потенцијали.
Заштита на децата од опасност е фундаментален инстинкт, меѓутоа толерирањето на ризиците бара тежок- но неопходен - емотивен труд, вели докторка која е и мајка, потсетувајќи дека стравот од ковид кај најмладите трча пред бројките: ризикот кај нив е 600 пати помал отколку кај старите.
По неполни 100 случаи на заразени од Б.1.1.529 варијантата на ковид-19 во Јужна Африка, речиси цела Европа забрани дојдовни летови од Јужна Африка, а по пат и од неколку други африкански држави.
Луѓе низ светот погрешно се уверени дека повеќе не треба да се пазат од ковид-19 само затоа што се целосно вакцинирани, предупредува првиот човек на СЗО.
Водечките руски доктори повикаа тамошни ѕвезди, инфлуенсери и политичари анти-ваксери лично да дојдат во црвените зони во болниците за од блиску да го видат ефектот од пандемијата.
Уште на почетокот на годинава, првиот човек на токиската медицинска асоцијација предложи ивермектинот да добие зелено светло. Надлежните институции го послушаа дури есенва. Резултатите ги гледате на фотографијата.
Жената ја викаат Есперанца по градот од кој доаѓа, Есперанца во Аргентина. Се работи за апсолутно редок случај, само втор во целата историја на нејзината болест: се излечила од ХИВ вирусот благодарејќи исклучиво на нејзиниот имунолошки систем. Да, есперанца значи надеж.
Владата на Австралија ја чека цех од најмалку 32,5 милиони евра за оштета побарана од илјадници нејзини граѓани по основа здравствени проблеми поврзани со ковид-19 вакцинацијата.
Прво ќе биде коректно да се знае дека „засилувач“ најверојатно е погрешен термин, и тоа дека точниот број дози за максимален ефект се уште не е познат.
Супермаркет ко супермаркет, има сè од шишиња, батерии, четки за заби, лименки, кутии цигари... единствено што се разликува е потеклото на сите овие производи - отпадот што луѓе го фрлаат покрај локалното езеро.
Откако беше откриен само еден случај на ковид-19 меѓу посетителите на Дизниленд во Шангај, целиот парк е затворен, забранет е влез на нови посетители, а сите над 34.000 присутни гости во паркот инстантно се тестирани и ставени во изолација.
Клиничка студија покажала дека постоечки и широко користен лек сериозно ги намалува ризиците од хоспитализации и смртни епилози на ковид случаи. Се работи за лек против депресија.
Освен во итен случај никој од 4 милиони жители на кинескиот град Ланџоу во идниот период нема да смее да го напушти својот дом. На страна тамошните 6, во Кина има пријавено уште 23 нови случаи. Во цела Кина.
Како што претерувањето околу ризикот од вакцините наштетува на кредибилитетот на кампањата за вакцинирање, исто така е штетна и претераната самоувереност околу нивната ефикасност.
Секоја поединечна цигара во иднина би можела да биде испишана со предупредувањето во надеж дека тоа ќе разубеди уште повеќе луѓе да престанат да пушат или да не почнуваат.
Проектот Веритас се вклучи во дебатата за вакцините со тајно снимено видео од неколкумина истражувачи на Фајзер кои се согласуваат околу тоа каков имунитет е подобар и во кој случај се добиваат повеќе и поквалитетни анти-тела.
Првиот човек на БиоНТек предвидува дека веќе следната година, ова што ги имаме примено како вакцина нема да важи и дека ќе ни треба апдејт, тоест нова вакцина. Дотогаш, за нас не сме сигурни, но тие (компаниите) и со бустери ќе преживеат некако.
И воопшто да не се сомневате во нивните добри намери, не ве ежи ли по малку помислата дека тие знаат како со апче да праќаат грешки во нечиј генетски код?
Американска фармацевтска компанија тврди дека дошла до апче кое е ефикасно против ковид-19, не како превенција од ковид, туку како превенција од смрт. Нивните тестови дале одлични резултати, сега само чекаат американските власти да ги изведат своите тестови.
И покрај надежните резултати во третманот на ран ковид, ивермектинот прописно беше медиумски оцрнуван, веројатно заради неговиот најпознат промотер - Доналд Трамп. Пазете сега: Фајзер обелоденува дека влегува во клучна фаза на тестирање на свој лек. Лек кој неодоливо потсетува на „пастата за коњи“, како што омаловажувачки го нарекуваа ивермектинот.
Човечкото око не е создадено само блиску да гледа. Особено не е создадено за предолго да гледа во директен извор на светлина (туку во нејзин отсјај по објектите). А токму таков е животот пред мониторите и екраните, тие пандемиски прозорци кон светот.
Масовна студија објавена во Журналот за медицина на Њу Ингланд ги анализира бројките од вакцинирањето со трета доза Фајзер-Бионтек во Израел и заклучува дека заштитата од нејзе кај лицата над 60 години трае барем 12 дена.