Се работи за област од 2.600 квадратни километри околу некогашната нуклеарна електрана, во која и 35 години по хаваријата е забранет влезот за луѓе, а во која инаку сосема е вратена некогашната флора и фауна, но со видливи мутации.
Др. Кара Лов од Принстон објаснува дека волците го измениле својот имунитетен систем слично на начинот на кој пациентите заболени од рак го менуваат додека се на терапија со зрачење. Кај нив мутацијата се случила и кај варијанта на еден конкретен ген (БРЦА), кој и во испитувања на луѓе, на пример, се покажал како важен за спречување на појава на рак на гради или јајници.
Лов со својата екипа, со помош на околувратници, го следат движењето на волците во оваа зона и имаат резултати во реално време за тоа каде се волците и на колку радијација се изложени.
Од истите овие волци се земаат и примероци од крв за да се утврди како нивните тела реагираат на инаку канцерогената радијација.
Примероците што се следат биле изложени на 11,25 милирем радијација на ден во текот на целиот свој живот, што е повеќе од шест пати од дозволениот лимит за луѓе.