Се работи за проширување на веќе постојната програма за самоубиство дозволено и предложено од канадската влада за терминално и хронично болни луѓе.
Проширувањето предложено од канадската влада, кое е прилично контроверзно дури и за држава со веќе востановена пракса на самоубиства, дозволуваше на секого со неизлечива здравствена состојба да аплицира за самоубиство, дури и ако неговата болест не е терминална.
Новите категории за еутаназија требаше да бидат воведени на 17 март, но во меѓувреме Владата почна да се „влече“ во преземање на неопходните чекори бидејќи не можат да се најдат доволно доктори, конкретно психијатри во Канада, за да ги проценат ментално болните луѓе кои сакаат да умрат.
Праксата на медицинско помогнато самоубиство е дозволена во Канада од 2015, кога Врховниот суд одлучи дека инсистирањето луѓето да трпат неиздржливо страдање е прекршување на нивните основни слободи и безбедност. Во 2021 законот беше проширен да опфаќа и луѓе кои страдаат од „сериозна и неизлечива“ состојба, како депресија или други проблеми со менталното здравје.
Само во 2022 со програмата се еутаназирани над 13.000 Канаѓани.