Овие заклучоци се објавени во медицински журнал, а според авторката на студијата исклучиво е важно да се знае дека различни дози кафе, различно влијаат на здравјето. Студијата ја прават научници од кинескиот Сучау универзитет, кои ги анализираат навиките за пиење кафе и чај на 180.000 луѓе од Кина и Шведска, на возраст од 37 до 73 години.
Никој од испитаниците немал историја на кардио-метаболички заболувања, што се дефинира како „дијагноза на најмалку две од овие три заболувања: тип 2 дијабетес, срцево заболување или мозочен удар“.
Заклучокот на докторите е дека пиење по две до три шолји кафе или чај на ден било златната средина. За да нема лажги правење со шолјите, тие пресметале дека се работи за 200 до 300 милиграми кофеин, кој го имал позитивното влијание на здравјето.
Дополнителното буричкање по статистиките покажало дека ќарот од кофеинот бил поголем кај лицата кои пиеле кафе, и тоа за некои 20% повеќе отколку кај оние што кофеинот го внесувале преку чај.
Може немало позитивно, меѓутоа и кај лицата кои биле на над 400 милиграми кофеин на ден, стимулансот немал негативно влијание на кардио-метаболичкото здравје.