Една четвртина од оние во кома се свесни!

Најмалку една четвртина од луѓето кои имаат тешки повреди на мозокот и не можат физички да одговорат на команди се всушност свесни, обелоденува првата меѓународна студија од ваков вид. Иако овие луѓе не можат, на пример, да кренат палец за да потврдат нешто, тие постојано покажувале мозочна активност кога бивале замолени да замислат како се движат или вежбаат.

„Ова е една многу клучна студија“ од областа на комата и другите нарушувања на свеста, вели Даниел Конџиела, невролог во Ригшоспиталет, наставната болница на Универзитетот во Копенхаген.

Резултатите велат дека значителен број на луѓе со повреди на мозокот кои се нереспонсивни, всушност слушаат што се случува околу нив а веројатно би можеле и да користат интерфејси мозок-компјутер за да комуницираат, вели водачот на студијата Николас Шиф, невролог од Њујорк.

Тоа се се уреди вградени во главата на едно лице кои ја мониторираат мозочната активност, ја декодираат и ја преведуваат во команди кои можат, на пример, да движат курсор од компјутер.

Студијата објавена во The New England Journal of Medicine, опфатила 353 луѓе со повреди на мозокот како што се физичка траума, срцев или мозочен удар. Од нив, 241 не можеле да реагираат на ниту еден од стандардните тестови за респонзивност но, според мозочната активност, останатите 112 би можеле.

Тоа било утврдено со два типа на скенирање на мозокот: функционална магнетна резонанца (fMRI), која индиректно ја мери менталната активност преку оксигенацијата на крвта во мозокот и електроенцефалографија (ЕЕГ), која преку капа со електрода директно ја мери активноста на мозочните бранови. За време на секое скенирање, на луѓето им беше кажувано да се замислат како играат тенис или како ја отвораат и затвораат раката. Околу 25% покажале мозочна активност во текот на неколкукратно повторуваните задачи.

Оние кои не реагирале но покажале мозочна активност имале тенденција да бидат помлади, да имаат повреди од физичка траума и да живеат со своите повреди подолго од другите.

„Треба да одвоиме ресурси за да ги лоцираме ваквите луѓе и да им помогнеме“, вели Шиф.

16 август 2024 - 21:53