Дефне и Вљубениот ерген? Ѕвездички на Пинк? Не, една од најпопуларните детски емисии во Јапонија се вика „Мојата прва задача“. И во неа се праќаат деца до самопослуга по леб и млеко.
Во цветот на староста, на 101-годишна возраст почина Пантелија од фамилијата Рокфелер. Починал мирно, во сон, од срце. Но кое по ред трансплантирано срце било тоа?
Кошаркарската легенда Шекил О'Нил се придружи на шарената групација стручњаци и интелектуални бардови што не веруваат дека Земјата е тркалезна. Аргументацијата му е генијална: Возел тој од еден до друг брег и сè му било рамно!
Во 1944 година било веќе јасно на каде оди војната и се гледале контурите на германскиот пораз. Но, на брифинзите Хитлер пукал од оптимизам а генералите се прашувале кое ли е неговото тајно оружје.
Шведските деца уште во првата година во основно училиште ќе почнат да учат програмирање, како дел од напредните "аспекти за дигитална компетентност" додадени во наставната програма.
Звучи премногу добро да би било вистинито, ама е. Универзитет од самиот врв на американското образование, бостонскиот МИТ, понуди мрсна награда во кеш за поединец или група кои ќе ги прекршат правилата. Спојлер за сите што одма видоа лесни пари - има еден трик тука.
Дел од студентска организација на еден факултет добила забрана за јавно искажување на своите ставови. Откако овие се пожалиле дека имаат проблем со јавното искажување на своите ставови.
Најбогатиот Американец со македонско потекло кој деновиве почина на 87 годишна возраст со години ѝ плаќал стан на Роза Паркс, жената која ја започна борбата за граѓански права во САД. Човекот бил богат, ама не и шконтар.
Најмладата британска добитничка на главната добивка на европската лотарија вели дека планира да ги тужи организaторите на играта. Ѝ го упропастиле животот што дозволиле да има толку пари на млади години. Плачеме.
По подолго време ПС-от (Правила на службата) на американската војска околу изгледот на нејзините припадници малку од малку се либерализираше. На жените им е дозволено да носат дредлокс.
Само во моментов ИКЕА има околу 12.000 производи кои за луѓето надвор од компанијата и надвор од Скандинавија, звучат како имињата да им ги дава генератор на рандом шведски зборови.
Заради расизмот кој во САД доминираше со векови, црнците беа третирани како животни, робови или во најдобар случај пониска раса а нивната улога во историјата и културата беше комплетно игногирана и омаловажувана. Сега клатното е отидено во другиот екстрем. Децата се учат дека црнците уште во стар Египет летале со позлатени електро-мобили.
Можете ли денеска да се качите на планина (минимум 1.200 метри) па утре на друга, па задутре на трета... за после 365 дена да прокнижите вкупно 576 освојувања на врвови? Сејте мирни, пошто не можете ни вие ни ние, ние ќе пишуваме, вие ќе читате.
Библиотекари/ки од Флорида се организираат во мала секта чија главна мисија е да ги спасат старите книги што ги имаат во библиотека. План, решение, егзекуција - еден човек ќе ги изнајми сите.
Шампоните се релативно нова придобивка во светот на хигиената, негата и убавината. Па сепак, ако гледате стари фотографии или портрети, не е дека жените пред нив оделе со зејтин во главите. Напротив.
Во една бракоразводна парница канадски судија морал да им објаснува зошто во нивната разделба, законот не може нивните кучиња да ги третира како што се третираат децата во иста ситуација.
Со години паѓа продажбата на омекнувачите за алишта, а глобално најсилните производители на таквите средства мислат дека на младите не им е најјасно за што служат тие.
Почина изумителот на техниката што од задушување со храна има спасено илјадници луѓе. Иронијата овојпат беше на распуст: доктор Хенри Хајмлих почина на фини 96 години, од срце.
Австралиец на 22-годишна возраст одеднаш сфаќа дека банката по грешка му дала неограничен кредит. Им потрошил два милиона долари на стриптизети, коли и кокаин.
Ресторан за брза храна во Мичиген воден според марксистичките принципи на самоуправување, мораше да страви клуч на врата откако таквиот бизнис модел се покажа неефикасен за опстанок на пазарот. Сендвичарата заврши како и самиот социјализам - со долги редици.