Земјата почнува со воведување на „општествен кредит“ кој ќе ги рангира луѓето според нивното однесување, а казната за сите оние со лош кредит ќе биде забрана за возење во авион или воз во период од една година.
Меѓу делата кои негативно се рангираат во новиот систем е дали човекот учествувал во ширење лажни информации околу тероризмот, или дали предизвикувал проблеми за време на летови, дали патувал со истечен билет за воз или пушел во воз.
Слична казна следува и за работодавци кои не им плаќаат социјално осигурување на своите вработени или луѓе кои ги немаат платено своите парични казни.
Системот стапува на сила на 1-ви мај.
Целиот проект за општествен кредит се базира на принципот „once untrustworthy, always restricted“, инаку поттикнат од претседателот на Кина, Кси Џинпинг. До сега проектот доби потпис од 8 министерства, агенцијата за цивилен воздушен сообраќај и Врховниот суд на земјата.