Прегледот на книгата на Јанопулос издавачот му го дава на уредникот Мичел Ајверс, кој треба да ги каже своите забелешки околу нејзината содржина и начинот на кој е напишана пред таа да биде пуштена на печатење. Излезе дека Ајверс има многу што да каже.
За егото на Мајло:
- Избегни вметнати навреди - само го намалуваат твојот авторитет. Низ книгата твоите најдобри поенти се губат во море од себе-возвишување и расфрлано размислување.
- Додади нешто вакво - само не толку благонаклонето кон тебе.
- Ова дефинитивно не е темпото за уште од твојот нарцизам.
- „Ова беше неверојатен успех“ - немој сам себе да се фалиш.
За лошите шеги на Мајло:
- Овој дел од многу добро докажан, ама е сув. Додавање на хумористични досетки функционира само ако тие досетки им се вистински смешни на сите читатели - а притоа не треба да го намалуваат твојот авторитет.
- И пречи на поентата што сакаш да ја покажеш - а и не ни нешто смешно.
За неспособноста на Мајло да пишува:
- Шведската маса нема дно - немаш добра поента.
- Ова само го слабее целиот дел. Ако аналогијата „не функционира“ тогаш немој ни да ја правиш.
- За твоја информација: и десницата плаче. Измислувајќи нов и нов гнев дека Обама или демократите нешто направиле. Приказната што ја пропушташ - и која никој ја нема раскажано - е зошто доволно голем дел од јавноста престанаа да ги слушаат сториите околу Трамп а веруваа на сите стории за Хилари. Ама веројатно тоа не е твоја приказна за раскажување.
Дел од директните коментари горните теми.
За шегите
- Нејасно, не е смешно, избриши
- Глупа шега
- Ајде да го тргнеме „cuck“ од тука
За отворениот расизам:
- Кажи го ова поинаку. „Темниот континент“ ќе предизвика нервоза на погрешен начин. Многу потсетува на „темните“.
- Нема да прифатам верзија на книга во која цела класа на луѓе се нарекуваат „ментално болни.“
- Ова остава впечаток на непотребен расизам, како да ги понижуваш африканските држави.
За неспособноста на Мајло да пишува:
- Не е точно.
- Не, ова воопшто не го „покажува“ тоа
- Не е реченица
Ајверс со капс лок:
- Целиот параграф е само повторување на лажни вести. НЕМАШЕ крв, НЕМАШЕ сперма и НЕМАШЕ сатанизам. Избриши.
- ИЗБРИШИ
- Конзервативците ги знаат овие факти. Сите ги знаат. ФАКТИ се.
- ПРЕСТАНИ СО РЕФЕРЕНЦИ ЗА АВАНСОТ ШТО СИ ГО ДОБИЛ ЗА КНИГАТА ИЛИ ЗА ПРОЦЕСОТ НА ОБЈАВУВАЊЕ.
- Тоа НЕ следува задолжително.
За тоа што Мајло го нарекува текстот "Feminists don't hate men. But it wouldn't matter if we did" пример за говор на омраза:
- Ако тој наслов е говор на омраза, тогаш ЦЕЛАВА ОВАА КНИГА е говор на омраза.
Да не излезе само хејтање на книгата, треба да се знае дека Ајверс крајно внимателно и пристапува на целата работа, и одвојува доста време на конструктивна критика. На почетокот од книгата тој дава опширен коментар и насоки во кои Мајло треба да се движи за подобро да ги искаже своите позиции:
- Тука додади кратка и сериозна изјава која ќе објасни зошто го правиш тоа што го правиш, да биде без тролање, без претенциозност, без прозивање и без его. Тоа ќе даде посилно отворање, отколку да и се обраќаш само на твојата најтесна публика.
Објасни дека во секое поглавје од книгата имаш намера да го покажеш ограничувањето на говорот.
Признај дека користиш претенциозни пораки во обид да ги срушиш ограничувањата на слободниот говор на ист начин на кој тоа некогаш го правеа комичари како Лени Брус.
Гледај да објасниш дека либералите го бранеа слободниот говор но откако почнаа да работат на политичката коректност, либералната левица стана опресивен цензор на американското општество.
Цитирај ја Беатрис Евелин Хол, биографот на Волтер од 1906, која за неговото однесување објаснува „не се согласувам со она што го кажуваш, ама до смрт ќе го бранам твоето право тоа да го кажеш,“ цитат кој вообичаено погрешно му се припишува на Волтер.
Секое поглавје поврзи го со овој вовед.